fbpx

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува забрзаната инфраструктурна ревитализација низ Македонија

-

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразува силна поддршка на политиката за забрзана и засилена инфраструктурна ревитализација низ Македонија, изјави Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Ѓорчев потсети дека во изборната програма, проектите од инфраструктурата беа наведени како приоритети и оти ќе продолжат со реализација на ветеното.

Пратеникот соопшти дека се обезбедени средства за почнување на повеќе инфраструктурни проекти во Источна Македонија, кои ќе се реализираат следната година, како што се патот Штип – Кочани, реконструкција на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево и прва фаза од реконструкцијата на најоштетените делови на патот Пробиштип – Крупиште, а се продолжува и со изградбата на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип и реконструкција и проширување на патот Велес – Лозово – Кадрифаково.

Ѓорчев изрази задоволство што се инвестира во сите делови на Македонија, вклучувајќи ги и овие најголеми проекти последниве децении во источниот дел на нашата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...