fbpx

„Баланс МК“ побара оставка од министерот за здравство

-

Oд Асоцијацијата за детски дијабет „Баланс МК“  денеска побараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, огорчени од неговите последни одлуки кои, според нив, предизвикаа инсулинска криза.

Надозволиво е, велат оттаму, постојано да се враќаат чекор назад во битката со дијабетот и да се соочуваат со банални проблеми, како што е употребата на несоодветни игли за инсулин кај бебињата и кај децата.

Голем дел од дијабетичарите, повеќе од еден месец беа оставени без неопходниот инсулин.

Во Македонија, според „Баланс МК“, околу 200.000 лица имаат дијабет тип 1 и тип 2. Од нив, 43.000 се на инсулиннска терапија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...