fbpx
Македонија Страница 1825

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека Сорос раководи со СДСМ

Зоран Заев и денеска потврди дека тој не е претсeдател на СДСМ и дека неговата партија ја раководи фондацијата на Сорос, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Колку повеќе разбира дека му е пропаднато сценариото, толку...

Дерала: Се чувствувам како да сум силуван

Ниту еден од прислушуваните активисти што денеска од лидерот на опозицијата добија папки со снимени прислушувани разговори, не е изненаден што и нивните телефонски броеви се нашле на листата за прислушување. Велат дека чувството кога знаеш дека некој друг има дел од твојата интима е...

Милошоски пак со знамето ги испровоцира Грците

Грчките весниците „Прото тема“ и „Етнос“ реагираа на последниот планинарски излет на пратеникот Антонио Милошоски, коментирајќи дека тој продолжува да провоцира со своите постапки. „Милошоски позираше со знаме со сонцето од Вергина, со што одново ја прекрши Привремената спогодба меѓу Атина и Скопје, според која, соседите...

Котевски: Имаме сознанија и предупредивме на одмазднички акции за Куманово

Имаме оперативни сознанија дека одредни поддржувачи на терористичката група која беше ликвидирана во Куманово, имаат планови за киднапирање функционери на Министерството за внатрешни работи и напади на витални државни институции, за што испративме инструктивна телеграма до раковдните лица во полицијата за зголемување на мерките за...

В среда официјално стартува воздушната линија: Охрид-Лондон-Охрид

В среда, на 10 јуни, со пречекот на првите патници, официјално стартува авиолинијата Охрид-Лондон-Охрид. По тој повод „ТАВ Македонија“, во 17.45 часот, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, организира пригодна свеченост. На церемонијата на дочекот, обраќање ќе имаат претставници на „ТАВ Македонија“, Министерството за транспорт и...

Бејли од Охрид: Глобални се предизвиците со климатските промени

Предизвиците со климатските промени се глобални, но чекорите што ги преземаат локалните заедници се токму тие што ги прават решенијата. Ова во Охрид го нагласи американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, на втората Меѓународна конференција за климатски промени, организирана во рамките на проектот...

Трајанов бара измени во Изборниот закон и една изборна единица

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска поднесе предлог-закон за измена и за дополнување на Изборниот закон, со кој се предлага пропорционален изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица, пренесува „Утрински“. Со измените, според Трајанов, ќе се обезбеди парламентарен состав кој ќе...

Заев: Груевски и Мијалков со години следеле и прислушувале невладини организации

На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека Никола Груевски и Сашо Мијалков со години следеле и прислушувале многу невладини организации. Тој рече дека меѓу прислушуваните биле: Инфоцентар, „Цивил“, Институт „Отворено општество-Македонија“, „Ајде“, Форум-центар, Македонски центар зе европско образование, Фондацијата „Метаморфозис“. - Преку...

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Насер Ештрефи (19), обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, бил свесен за делото што го извршил, изјавил психологот, кој на денешното рочиште давал свое мислење за писхичката состојба на обвинетиот, пренесува „Плусинфо“. И во првото вештачење беше утврдено дека обвинетиот бил свесен за настанот...

СДСМ чека изјава од Хан, од Брисел молк

Еврокомесарот за проширување денеска нема да има изјава за медиумите, како што беше наведено во петочното соопштение на СДСМ, по телефонскиот разговор на Зоран Заев со Јоханес Хан, дознава „Мета“ од извори од Брисел. Дознаваме дека засега нема точно определено ниту време кога би се...

Гласањето на дијаспората ќе се оспори во новиот Изборен законик?

Гласањето на дијаспората е единственото нешто околу кое партиите лани, при промена на Изборниот законик, не успеаја да се согласат и оставија тоа да го решаваат во подобри времиња, односно пред наредните парламентарни избори. Предлогот на СДСМ беше гласањето во изборните единици 7, 8 и 9 да...

Откриени 18 илегални мигранти во товарен воз

Патролен тим од полициската станица за гранично надгледување и граничниот премин Богородица, во саботата викендов, откриле 18 илегални мигранти, сокриени во камионска приколка, товарена на еден од вагоните на товарниот воз, кој сообраќал на линијата од Солун до Ламбах, Република Австрија, соопшти МВР. Mигрaнтите, како...

Нова „бомба“ пред Влада

„Бомбата“ број 37, денеска ќе „пука“ пред Владата. Според неофицијални информации, „бомбата“ ќе биде за невладините организации. Најверојатно прес-конференцијата ќе се одржи во 14 часот. Новата „бомба“ ја најави портпаролот на партијата Петре Шилегов, на својот профил на социјалната мрежа „Фејбук“.

Плажите во Стење се подготвуваат за туристичката сезона

Во преспанското село Стење се интензивираат градежните работи за изградба на угостителски објекти и за нивелирање на плажата со автохтон песок, на површина од околу 500 метри. Паралелно се гради пешачка патека со канделабри, се градат три угостителски објекти, се градат игралишта за ракомет,  кошарка...

Првпат на Македонец ќе му се трансплантираат бели дробови

Првпат на пациент од Македонија ќе му бидат трансплантирани бели дробови, дознава „Здравство 24“. Големиот зафат ќе биде извршен кон средината на месецот во Виена. Станува збор за 16-годишно дете, кое со години е пациент на Клиниката за детски болести. Боледува од цистична фиброза, болест...

Партијата на Ердоган го загуби мнозинството во парламентот

Владејачката Партија на правда и развој (AKP) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на парламентарните избори, но го загуби апсолутното мнозинство и нема да може сама да формира влада. Изборите беа клучни за иднината на турскиот претседател, кој се надевал дека неговата партија ќе...

Сообраќајот Кичево – Охрид ќе биде во прекин еден час

Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево - Охрид, кај месноста Пресека - Врбјане, денеска од 15 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин. Прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи –минирање, бидејќи е во тек изградбата на автопатот до Охрид.

Денеска температура до 35 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде топло и сончево, а можности за дожд ќе има во југозападниот крај. Температурата ќе достигне максимална вредност од 35 Целзиусови степени во југоисточниот и во повардарскиот регион.  

„Цивил“: Полицијата се изживувала со ослободениот демонстрант Шошев

Со лисици на рацете, туркан и влечен, навредуван и малтретиран неколку часа на скопскиот аеродром... Наместо да се качи на авионот за Лондон, вчера попладне, Димитар Шошев заврши со лисици на рацете, соопшти невладината организација „Цивил“. Шошев е еден од демонстрантите што беа приведени по протестите на...

Реџеп Реџепи бил во притвор, а МВР тврди дека се борел во Куманово

Реџеп Реџепи не можел да биде дел од случувањата во Куманово бидејќи 16 дена пред инцидентот бил уапсен и сè уште е во притвор, тврди братот Рефки Реџепи за телевизијата „Телма“. Браќата Реџепи беа приведени на 23 април, два дена по нападот во Гошинце, откако...

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...