На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека Никола Груевски и Сашо Мијалков со години следеле и прислушувале многу невладини организации. Тој рече дека меѓу прислушуваните биле: Инфоцентар, „Цивил“, Институт „Отворено општество-Македонија“, „Ајде“, Форум-центар, Македонски центар зе европско образование, Фондацијата „Метаморфозис“.

– Преку следењето на најчувствителниот сектор, невладиониот сектор, Груевски ги загрозил основните човекови права. Проктот „Вистината на Македонија“ покажа дека нема место каде Груевски не прислушувал. Груевски и неговите моќници се одржувале на власт со скандалот со прислушување. Така елиминирал сè што му стоело на патот. Така и ги кроел своите политики – изјави Заев.

Заев им ги подели папките на претставниците на НВО-секторот кои биле прислушувани и рече дека нема да објавува разговори од нив затоа што со тоа би ги загрозил човековите права.

Тој најави дека сигурно ќе оди во Брисел, но рече дека не е сè договорено затоа што ако не се преговара за тоа каква влада ќе ја води земјава до изборите, ништо од претходно договореното нема да важи.

– За нас е неприфатливо владата да ја води Никола Груевски – изјави Заев.

Тој, исто така, рече дека очекува изјава од еврокомесарот Јоханес Хан, кој ќе излезе со заклучоците за изборните слабости од ОБСЕ/ОДИХР.