fbpx

Гласањето на дијаспората ќе се оспори во новиот Изборен законик?

-

Гласањето на дијаспората е единственото нешто околу кое партиите лани, при промена на Изборниот законик, не успеаја да се согласат и оставија тоа да го решаваат во подобри времиња, односно пред наредните парламентарни избори.

Предлогот на СДСМ беше гласањето во изборните единици 7, 8 и 9 да се спроведе ако бројот на запишани избирачи во секоја од нив изнесува најмалку 3 отсто од просечниот број на избирачите во изборните единици 1, 2, 3, 4, 5 и 6, а за избран да се смета кандидатот што освоил најмалку 20 отсто од вкупниот број запишани избирачи во изборната единица. За владејачката партија овие сугестии не беа прифатливи.

Досега партиите не излегоа со нови предлози како ќе го решат овој проблем.

Според СДСМ, ОБСЕ/ОДИХР во извештајот од 2011 година укажува дека треба да се ревидира постојниот систем на распределба на мандатите во изборните единици надвор од земјата, за да обезбедат сигурност дека потребните гласови од дијаспората за избор на пратеници во Собранието, нема значително да го потценуваат еднаквото избирачко право.

Измените на Изборниот законик за кои се согласија партиите:

  • Забрането пуштање во употреба на објекти изградени од буџетски средства и затворска казна од шест месеци до една година за тие што нема да го почитуваат ова;
  • Забрането почнување со градби во предизборниот период;
  • Забрането е да се исплаќаат субвенции, плати, пензии, социјална помош и други материјални надоместоци од буџетски средства што не се редовни месечни примања;
  • Забрането е исплаќање годишни трансфери од буџетот;
  • МВР да ги ажурира избирачките списоци четири пати во годината и да се направи посебен извод на лица што на денот на изборите се во странство, како и тоа партиите да можат да бараат корекција на избирачкиот список;
  • Донациите што ќе ги примаат партиите се ограничени на 50.000 евра, вклучувајќи ги и донациите од медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...