fbpx

Дерала: Се чувствувам како да сум силуван

-

Ниту еден од прислушуваните активисти што денеска од лидерот на опозицијата добија папки со снимени прислушувани разговори, не е изненаден што и нивните телефонски броеви се нашле на листата за прислушување. Велат дека чувството кога знаеш дека некој друг има дел од твојата интима е крајно непријатно и најавуваат кривични пријави за тие што снимале.

Бојан Маричиќ – Македонски центар за европско образование:

Ова е крајно непријатно чувство. Морам да признаам дека воопшто не сум изненаден. Сè уште ги немам слушнато разговорите и не знам дали се автентични. Прислушувањето на граѓански организации само го покажува диктаторскиот однос на власта кон граѓанските организации. Генералната идеја засега е заедно со другите невладини организации да поведеме правна постапка која би завршила и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Џабир Дарила – „Цивил“:

Долги години знаев дека ме прислушуваат, да кажам најискрено се чувствувам гневно и разочарано, се чувствувам силувано. Но, кога една ваква власт те прислушува, тоа значи дека си на вистинскиот пат. И сакам да им се заблагодарам што нè слушаа. Цело време додека ние мислевме дека не им било грижа за нашите совети и за нашата работа, тие посветено слушале и снимале. Во координација со моите колеги, ќе ги искористиме сите законски мерки.

Виолета Глигороска – Фондација Институт за отворено општество „Македонија“:

Разговорите што ми ги дадоа, колку што успеав да видам досега, се автентични. Сите. Снимени ми се разговори со новинари што аплицирале за некакви истражувачки проекти. Имам разговори со Јадранка Костовска, Младен Чадиковски, Билјана Секуловска и други.

Бардил Јашари – Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“:

Не сум изненаден, но чувството е слично на тоа кога ќе изгубите нешто вредно, но не се предавате, барате и се надевате дека сепак ќе го пронајдете, сè до моментот кога ќе дознаете дека е неповратно изгубено… Е, такво е чувството кога ќе добиете потврда дека вашата приватност е изгубена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...