fbpx
Македонија Страница 1782

Македонија

Владата донесе законски измени за намалување на глобите

Владата на Република Македонија денеска на седница усвои дваесетина закони за усогласување на регулативата. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, соопшти дека законите се од различни области: земјоделство, труд и социјална политика, економија, финансии, царина. Според Ѓорѓиев, тие опфаќаат 80-90 отсто од најчестите прекршоци. Како што посочи Ѓорѓиев, новите закони...

Почна новата средба на работните групи за Договорот од Пржино

Почна средбата на работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино. Тимот на СДСМ денеска го сочинуваат Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, додека претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како и на претходните средби, се Никола Попоски и Никола Тодоров. Претставници од ДУИ се Муса Џафери, Артан Груби...

Дел од осомничените за случувањата во Куманово, одбиле да дадат исказ

Шестмина од осомничените за случувањата во Куманово кои се наоѓаат во притвор во Шутка, денеска пред јавниот обвинител одбиле да дадат исказ, пишува „24 Вести“. Осомничените не сакале да проговорат бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството и на тој начин...

Обвинителството ги истражува убиството во Козле и смртта на детето во Гостивар

Мајката и синот, кои утрово беа пронајдени мртви во стан во скопската населба Козле, со прострелни рани во главите, биле жители на турскиот град Бурса и привремено престојувале во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. „Надлежниот обвинител издаде наредби за подигнување траги од местото на настанот за...

Турчин бара македонско државјанство за да биде погребан во Штип

Во поодмината возраст, на 85 години, некогашниот жител на Штип, Карман Четин, деновиве допатува од Истанбул со едно барање - да добие македонско државјанство. Овој витален старец сака да биде погребан покрај своите родители и другите претци, кои живееле на овие простори. Поради тоа,...

Меџити: Бит-пазар ќе добие нов модерен изглед

Советот на Општина Чаир на денешната седница усвои детален урбанистички нацрт-план со кој се предвидува целосна реконструкција и надградба на Бит-пазар. - Бит-пазар е еден од најголемите зелени пазари во земјава, каде егзистенција обезбедуваат голем број семејства. Со новиот нацрт-план, откако ќе ги помине сите процедури,...

Иванов помилува 45 осуденици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 2 Август, Националниот празник на Република Македонија, даде помилување на 45 осудени лица, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот. Од нив седуммина целосно, а 38 делумно се ослободуваат од понатамошно издржување на казната затвор.

Алексов: Има време до избори, списокот може да се направи за неколку месеци

На вчерашниот состанок на работната група на политичките партии за спроведување на Договорот од Пржино, имаше идеја да се направи нов избирачки список, а граѓаните да се регистрираат со отпечаток од прст. На истиот тој начин треба да се спроведува и гласањето. Според Дарко Алексов,...

Стејт департмент: Македонија успешно се справува со трговијата со луѓе

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД) во својот најнов извештај за состојбата со трговијата со луѓе во светот, ја рангира Македонија во групата ТИЕР 1, односно земји што ги исполнуваат стандардите за борба против овој вид криминал. Македонија е единствената земја од регионот што е рангирана...

Привршува изградбата на социјални станови во Прилеп

Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на 76 социјални станови во населбата Точила во Прилеп. Површината на која се протега објектот е 3.220 квадратни метри и тој е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и за лица со посебни потреби. Средствата за изградба...

Го викнале во полиција затоа што барал вода за нивите

Марјан Атанасовски, земјоделец од селото Кравари, член на управниот одбор на новото здужение на земјоделци „Спас“, денеска бил повикан на распит во СВР Битола бидејќи, наводно, му се заканувал на директорот на ЈП „Стрежево“, Марјан Ѓероски, за проблемите со наводнувањето од хидросистемот „Стрежево“. Ова за „Мета“...

Се гради пречистителна станица во Прилеп

Заедничкиот проект на Владата и на ЕУ за изградба на пречистителна станица во Прилеп, продолжува да се реализира. Во реката Оревоачка во Прилеп се поставуваат колекторски системи за прочистување на отпадните води, како битна етапа од целосната реконструкција на застарената канализациска и водоводна мрежа, а...

Врховниот суд ја оцени скопска единица со „релативно ефикасен“

Од вкупно 119.566 предмети, колку што имал за работа скопскиот Кривичен суд во текот на минатата 2014 година, судиите успеале да решат повеќе од половина, односно 75.906 случаи, додека 43.660 предмети останале нерешени, покажува извештајот за оцена и за заклучоци на работата на судовите...

ОМД: Правото на глас на дијаспората мора да се заштити

За нас, предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас е несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за еконосмкиот развој на Република Македонија, реагираат од Обединетата македонска дијаспора на информациите дека на вчерашниот...

Иванова: Во игра се и попис и пребројување од врата на врата

Активна регистрација на гласачите, попис и пребројување од врата на врата се опциите кои се на маса на работните групи што треба да го имплементираат Договорот од Пржино. Според Цветанка Иванова од СДСМ, која вчера беше дел од работната група на оваа партија, се разговара за...

Борко – кучето демонстрант – конечно си најде дом

Неформалната иницијатива на „Фејсбук“, „Да му најдеме дом на Борко – кучето што протестира“, денеска на страницата на „Фејбук“ напиша дека кучето си најде дом, надвор од Скопје. „Драги пријатели, ве информираме дека Борко е вдомен во прекрасно семејство! Жалиме што мораше да биде вдомен...

Се реконструира железничката станица во Прилеп

Реконструкција на железничката станица во Прилеп е во тек, а тоа е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти низ земјава. Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп, изјави дека со реализацијата на овој проект Прилеп ќе добие современ транспортен центар. Со реконструкцијата на железничката станица,...

Се зголемува бројот на мигранти што транзитираат низ Македонија

Бројот на мигранти што минуваат низ територијата на Македонија се зголемува, а од МВР соопштуваат дека само во последните три дена се издадени 1.853 потврди за признавање на правото за азил за лица кои илегално влегле во Македонија. Во периодот од 19 јуни до 27 јули...

Денеска нова средба на работните групи за Договорот од Пржино

Денеска попладне повторно ќе се сретнат работните група на политичките партии за имплементирање на Договорот од Пржино. Вчера по три часа заврши средбата на работната група, на која се разговараше околу изборната легислатива, но ниту еден од претставниците на политичките партии не даде официјална изјава за...

Денеска топло време со температура над 39 степени

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со температура до 39 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време со температура од 18 до 38 степени. Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат дека денеска источниот дел од земјата ќе влезе во жолта фаза. Топлото време ќе...