fbpx
Македонија Страница 1779

Македонија

Котевски: Нема индиции за поврзаност на експлозиите во Скопје и во Куманово

Полицијата засега нема индиции за евентуална поврзаност на експлозијата на бомба што ноќеска одекна во близина на зградата на СВР Скопје и детонацијата на експлозивната направа што се случи на 11 јули во центарот на Куманово, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешно работи...

ДОМ: Дијаспората да гласа електронски

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) смета дека најрационално и најправично гласање на дијаспората ќе се овозможи со електронско гласање. Според партијата, со тоа ќе се обезбеди поголемо учество на дијаспората во изборниот процес, а истовремено ќе се овозможи намалување на трошоците. „Електронското гласање на дијаспората може овојпат да...

Спасовски: Автократскиот режим заминува, доаѓа време на слобода

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со претставници на општинската организација на СДСМ во Ново село, беше во посета на општината, на средби со жителите на селата Смолари, Старо Коњарево и Дражево. Станува збор за печалбарски крај, каде сега се вратени граѓаните иселени во...

Во тетовската трансфузиологија недостигаат единици крв

Со недостиг од крвните гупи нулта позитив и нулта негатив се соочува службата за трансфузиологија при Клиничката болница Тетово. Потреба има и за други крвни групи, поради зголемениот ризик од тешки повреди во летниот период. - Службата се соочува со недостиг од единици крв. Затоа апелирам...

До денеска издадени вкупно 22.208 потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера, врз основа на измените на Законот за азил и привремена заштита, издало 633 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија, на странски државјани кои илегално влегле во земјава. Според МВР, од 19 јуни, кога стапија...

„Анима мунди“: Во Вардариште се убиваат мирни и неагресивни кучиња

„Не прекинува ловот на мирни и сакани бездомни кучиња во општина Аеродром. Не запира лажната узбуна дека се агресивни и дека напаѓаат. Еве едно такво куче, куче за кое се направи хајка, пратија и инспектори и шинтери да го ловат, куче кое се држи...

Рилкоски: Од политичките партии и од странците побаравме непартиски и проширен состав на ДИК

„Од претставниците на политичките партии и од претставниците на ЕУ, побаравме целосна деполитизација на ДИК, со тоа што партиите нема да предлагаат, барем јавно, свои кандидати. Исто така, побаравме зајакнување на капацитетот на ДИК, барем со тројца професионалци – стручни лица, најдобро би било да...

ВМРО-ДПМНЕ стана газда на зградата на ЗК „Пелагонија“ во строгиот центар на Битола

ВМРО-ДПМНЕ стана сопственик на зградата на поранешната дирекција на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ во строгиот центар на Битола. Оваа вест денеска ја објави битолскиот регионален весник „Его“, наведувајќи дека зделката помеѓу ЗК „Пелагонија“ и партијата тежи 17,5 милиони денари или 284.000 евра. За деловниот простор...

Екипи на Црвен крст и денеска на градските улици

Три мобилни екипи со три возила и со 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и денеска ќе патролираат по улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња вода на минувачите. Во рамките на теренските активности на неколку пунктови,...

Приватните станоиздавачи од Охрид ја оспоруваат забраната за издавање апартмани во станбени згради

Предложените измени од Министерството за економија во Законот за угостителска и туристичка дејност, со кои се забранува вршење туристичка дејност, односно издавање апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради, не се прифатливи за приватните станоиздавачи од Охрид. Денеска, станоиздавачите ќе остварат средба со...

Иванов во Крушево, Груевски во Скопје, Заев во Пелинце за 2 Август

Премиерот Никола Груевски во Скопје, а претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во Крушево ќе го одбележат 2 Август, Денот на Републиката. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе одржи говор во Пелинце. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, со делегација, на 2 Август ќе присуствува во...

Милошоски во посета на Канада

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, е во работна посета на Канада, а ќе се сретне со тројца пратеници од канадскиот парламент - Тед Оптиц, Корнелиј Чису и Чангстен Лонг. Tеми за разговор на средбите ќе...

Илинденската едриличарска регата – вистинска слика за Охрид

Претстојниот продолжен празничен викенд, треба да го означи самиот шпиц на главната туристичка сезона во Охрид. Градот е веќе полн со гости од земјата и од странство, што може да се заклучи од сообраќајниот метеж и од исполнетите шеталишта, ресторани и кафулиња. Времето е идеално, дури и...

Експлозија во близина на СВР Скопје

Експлозија ноќеска одекнала во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи Скопје, во населбата Аеродром. Инфромацијата за „Мета“ ја потврдија од СВР Скопје, од каде најавуваат повеќе детали за случајот во скоро време. Според првичните неофицијални информации, најверојанот станува збор за детонација на експлозивна направа. Во...

Собранието денеска ќе ја продолжи 61. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 61. седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за безбедност на храната, за производи за заштита на растенијата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија,...

Работните групи денеска ќе разговараат за специјален јавен обвинител, од утре на одмор

Работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино денеска ќе разговараат за специјалниот јавен обвинител. Според договорот од 15 јуни, тој треба да биде избран на 15 септември и да работи на расчистување на сомнежите што произлегоа од прислушуваните разговори. Работните групи вчера разговараа за поставеноста на...

Македонија денеска во портокалова фаза

Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион, денеска ќе бидат зафатени со температура од портокалова фаза, а другите региони со температура од жолта, односно алертна фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, дневната температура ќе...

Времето денеска многу топло, со температура до 42 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 15...

Дополнителни препораки за заштита од високата температура

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, донесе дополнителни мерки за заштита на населението од високата температура, особено по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) завредности на температурата од портокалова фаза, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден. Донесена е препорака за...

Коцијанчич: Ако треба, ЕУ ќе помогне за специјалниот обвинител

Европската унија (ЕУ) ќе обезбеди секаква помош доколку е потребно за да се формира специјален обвинител, кој треба да ги истражи наводите што произлегоа од прислушуваните разговори, изјавила Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во одговор на прашањата на...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...