Илинденската едриличарска регата – вистинска слика за Охрид

Претстојниот продолжен празничен викенд, треба да го означи самиот шпиц на главната туристичка сезона во Охрид.

Градот е веќе полн со гости од земјата и од странство, што може да се заклучи од сообраќајниот метеж и од исполнетите шеталишта, ресторани и кафулиња.

Времето е идеално, дури и претопло за Охрид, водата е топла и пријатна за капење.

Викендов Охрид ќе ја доживее и својата вистинска слика, со присуството на еден од симболите на езерото – едрилиците.

Утре во Охрид ќе почне тридневната, традиционална Илинденска едриличарска регата.
Учесниците ќе се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спрот, а за најдобрите е обезбедена награда – реплика од охридската Златна маска.

Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија.
Манифестацијата е во организација на Едриличарски клуб „Бофор“, Едриличарска федерација на Македонија и на АМС.