fbpx

Иванов во Крушево, Груевски во Скопје, Заев во Пелинце за 2 Август

-

Премиерот Никола Груевски во Скопје, а претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во Крушево ќе го одбележат 2 Август, Денот на Републиката. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе одржи говор во Пелинце.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, со делегација, на 2 Август ќе присуствува во Пелинце. Заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, ќе биде во Крушево, а потпретседателот Дамјан Манчевски – во Скопје.

Груевски, според предвидениот протокол, ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ, на Методија Андонов-Ченто и на Никола Карев, по што ќе одржи и говор.

Од Кабинетот на претседателот на државата, пак, велат дека по повод 2 Август, Иванов ќе присуствува на централното одбележување на државниот празник Илинден во Крушево.

Традиционално, предвидено е претседателот Иванов да положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, пред хероите на споменикот „Слива“ и да присуствува на панихидата во храмот „Свети Никола“.

Воедно, претседателот Иванов ќе присуствува на народениот собир на Мечкин Камен, во чии рамки е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република.

Во пресрет на чествувањето на националниот празник, тој, на 1 август, ќе присуствува на отворањето на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република 2015“, на плоштадот во Крушево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...