fbpx

Времето денеска многу топло, со температура до 42 степени

-

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени, а дневната од 35 до 42 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи.

Утринската температура ќе биде околу 20 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...