fbpx
Македонија Страница 1720

Македонија

Иванов го разреши Агрон Буџаку од функцијата амбасадор во Франција

Агрон Буџаку, амбасадор на Македонија во Франција, со указ од македонскиот претседател Ѓорге Иванов е разрешен од функцијата. Неговата функција како амбасадор во Француската Република завршува заклучно со 4 декември оваа година. Буџаку за македонски амбасадор во Франција е именуван во 2009 година, откако претходно беше...

Попоски во тридневна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска (27 октомври) до четврток (29 октомври) ќе престојува во официјална посета на Јапонија, каде ќе има средби со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада,...

Денеска сончево, со температура до 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура се движи од -2 до 6 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје...

Гевгелиската болница ги отпушти двајцата анестезиолози

Гевгелиската болница донесе решение да ги отпушти двајцата анестезиолози, кои беа дел од тимот што со царски рез ја породуваше родилката која во петокот почина заедно со своето бебе. Анализата на примероците на крв покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на анестезиолозите. „Во...

Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, се сретна со Мари Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и за Централна Европа и за Заедницата на Независни Држави, со која разговарал за мерките и за активностите што се преземаат во Македонија, во насока на...

Доста е од загубени животи по булеварите и во болниците, порачаа граѓаните пред Владата

„Тодоров оставка“, „Оди си Никола“, „Стоп за диктатурата“ и „Секој ден во 6“, извикуваа граѓаните на протестот под мотото „Доста е“, пред Владата и ги повикаа надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците. - Она што го почнавме на 5 мај,...

Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според...

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ владее крајна безидејност и мрзливост

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како непродуктивна прес-конференцијата на опозицијата за програмата „Визијата за Македонија“ и наведува дека во СДСМ владее „крајна безидејност и мрзливост“. „Граѓаните на Македонија знаат дека ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во нови училишта, детски градинки, осовременување на наставата со компјутери, набавка на најдобрата стручна...

Хаџиски отфрла вина и тврди дека не се сеќава на убиството на Јошевска

Скопјанецот Миле Хаџиски, против кој во Основниот суд Скопеј 1 денеска почна новото судење за бруталното убиство на Мери Јошевска, пред 22 години, во двочасовното сведочење ја отфрли вината за убиството на Јошевска, тврдејќи дека не се сеќава на ништо. „Се сеќавам дека отидов кај неа...

Клиника за гинекологија: Пациентката имаше високоризична бременост со мртов плод

На 25 октомври, во 20.10 часот, на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, настапи смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со шеста високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела и...

Либерална партија: Тодоров веднаш да си поднесе оставка

Четирите смртни случаи во четири дена во јавните здравствени установи потврдуваат дека токму отсуството на систем за квалитет и за контрола во здравствените установи е причина за ваквите трагедии, велат од Либералната партија и бараат министерот за здравство, Никола Тодоров, веднаш да си поднесе...

Од денеска, секој ден во 18 часот, протести „Доста е“ пред Владата

Почнувајќи од денеска, секој ден, во 18 часот, пред Владата ќе се одржува протест под мотото „Доста е“. Граѓаните ги повикуваат надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците. „Доста беа сериски убиства по болниците и на улиците! Имаме право на живот,...

Груевски се сретна со премиерот на Обединети Арапски Емирати

Премиерот Никола Груевски, денеска во Дубаи се стретна  со премиерот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој во исто време е и владетел на емиратот Дубаи. На средбата, била истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите...

Од јуни до денеска низ земјава поминале речиси 180.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.973 мигранти, кои од Грција влегле на територијата на земјава. Од нив најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.942 лица, од Авганистан се 549...

Трудница во петти месец од бременоста искрварела до смрт на Клиниката за гинекологија

Трудница во петтиот месец од бременоста починала од крварење на скопската клиника за гинекологија, јавува „Нова ТВ“. Настанот го потврдија од МВР, кои велат дека вчера, во 21 часот, од Клиничкиот центар добиле известување дека починала пациентка на 38-годишна возраст. Од Клиниката за гинекологија не го...

За ВМРО-ДПМНЕ преговорите се активни, за СДСМ сè е на стенд-бај

Нема никаков знак дека и денеска нешто ќе се случува околу преговорите на политичките партии. Утре е можно Европската комисија да го затвора извештајот за напредокот на земјава, од што зависи дали на Македонија ќе ѝ биде одземена препораката. Најавите се дека продолжувањето на препораката зависи...

Продолжуваат прераспределувањата во Агенцијата за вработување

Агенцијата за вработување ќе продолжи со практиката на прераспределување на вработените од еден во друг град. Ова од Кочани неодамна го соопшти директорот, Влатко Поповски, според кој, овој потег бил инициран од поплаките на граѓаните за работењето на одделни Центри за вработување низ државата. -...

Анестезиолозите од гевгелиската болница биле пијани

Двајцата лекари анестезиолози што биле дел од тимот, кој со оперативен зафат требало да ја породи жената што заедно со новодоренчето почина во гевгелиската болница, биле во алкохолизирана состојба, покажала анализата на крвта, извршена од Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти денеска Јавното обвинителство. Анализата на крвта...

Јолевски на свеченост во Воената академија „Михајло Апостолски“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе се обрати на Воената академија „Михајло Апостолски“ по повод свечената изјава на питомците од 19. генерација и промоција на потпоручници од 15. генерација. На свеченоста ќе присуствува и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, а пред питомците...

Брисел и Западен Балкан договорија краткорочен план за справување со бегалците

Лидерите на Европската унија на синоќешниот состанок со земјите од Западен Балкан, во Брисел, усвоија 17 точки кои се дел од краткорочниот план за справување со најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и германската канцеларка Ангела...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...