Македонија Страница 1509

Македонија

Експертите од ЕУ почнаа со проценка на штетите од невремето

Експертскиот тим на Европската Унија почна да ги врши проценките на штетите од невремето кое во саботата вечерта го погоди Скопје и околината, информираше денеска евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав. Експертите беа испратени, откако Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна...

Археолошкиот музеј в четврток организира крводарителска акција

Археолошки музеј на Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, в четврток од 10 до 14 часот, во просториите на музејот ќе организира акција за дарување на крв, за повредените од поплавите во Скопско и во Тетовско. „Акцијата е под мотото „Вашата крв...

Сателитот „Коперник“ направи снимки од регионот погоден од невремето

Сателитот „Коперник“, кој бил ангажиран преку Механизмот на Европската Унија за цивилна заштита, направил сателитски снимки од подрачјата во Скопје и околината, погодени од невремето, кои треба да помогнат во справувањето со последиците. Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и во...

СДСМ: Новинарите предложени во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение информира дека новинарите кои се предложени од опозицијата во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност. „Ве уверуваме дека и идниот уредник на информативната програма на МТВ ќе биде независен и непартиски, искусен, докажан и почитуван новинарски професионалец“, стои во соопштението. Од...

Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за...

Членовите на ад хок телото познати, треба да предложат уште еден член – Албанец

Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски се четворицата кандидати за членови на ад хок телото кои ги предложија партиите. Димишкова и Чилиманов се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски на СДСМ. Според Изборниот законик, петтиот член, кој не е по партиски предлог,...

Семејствата ги подигнаа телата на 11 загинати во поплавите

Дел од семејствата на загинатите од поплавите во Скопје доцна синоќа ги земале телата на 11 од жртвите, а во капелата на АД „Бутел“ се уште се наоѓаат уште три тела кои треба да бидат подигнати. Семејствата на 14 жртви во невремето вчера не можеа...

Се намалија цените на бензините и на дизелот

Малопродажните цени на бензините се намалија за 1,5 денари, а на дизелот за 2 денари. Новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 59,50 денари за литар, а на „евросупер БС-98“ е 61,50 денари за литар, а дизелот се продава по 46 денари за литар. Според одлуката на Регулаторната комисија...

Пунктовите за хуманитарна помош организирани од волонтери се отворени

Од групата „Хуманитарна помош за настраданите семејства во Скопје“ демантираат дека нивните пунктови ќе бидат затворени. „Сите пунктови коишто се организирани на социјалните мрежи функционираат со целосна посветеност на волонтерите, секој добиен продукт се маркира со ознака „H“ и се носи секаде каде што е потребно...

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски кандидати на СДСМ за ад хок телото за медиуми

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се предлози на СДСМ за членови на ад хок телото, информираат од СДСМ, за „Мета“. Од таму велат дека овие предлози ги доставиле до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Од ВМРО-ДПМНЕ нема информации кои се нивните предлози за...

На телефонскиот број 143-400 не може да се донира од странство

На телефонскиот број 143-400 за донации кој Црвен крст го отвори за помош на погодените од поплавите во скопскиот регион, не може да се остварат донации од странски мобилни оператори, потврдуваат за „Мета“ од „Оне-Вип“. - На бројот кој е отворен за донации исклучиво може...

Средства за хигиена и лекови им се најпотребни на поплавените

Гумени чизми, средства за хигиена посебно за дезинфекција, запакувана или конзервирана храна, свеќи, светилки-батерии им се потребни на жителите од поплавените подрачја. Она на што посебно се апелира е да се донираат алкохол (75 проценти), јод, стерилни завои и гази, гумени медицински ракавици, ножици, сапуни, средство...

Од денеска само Црвениот крст ќе дели помош, неофицијалните пунктови се затвораат

Почнувајќи од денеска, сите пунктови на кои се собира хуманитарна помош за населението погодено во катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд ќе бидат затворени, информираат од Црвениот крст. Од таму велат дека помош за настраданите ќе се собира во магацините на Црвен крст во Момин...

Пронајдено тело на 12-годишно дете, а се трага по исчезнато 16-месечно девојче

Расте бројот на загинати лица во големото невреме што во саботата доцна вечерта го погоди Скопје и околината. Вчеравечер, како што информираат од МВР за „Мета“, во населбата Ченто било пронајдено телото на 12-годишно момче, кое настрадало додека со неговиот дедо се движеле со...

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање, а ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 34 Целзиусови степени. Во Скопје ќе...

Автомобил се заби во скеле од зграда во центарот на Скопје

Возач со својот автомобил синоќа се забил во скелињата на зграда чија фасада се уредува на булеварот Димитрие Чуповски во центарот на Скопје. Според вработени во дуќаните кои се наоѓаат во непосредна близина на местото на ударот, возачот наводно изгубил контрола кога движејќи се по...

„Македонијапат“: Работиме на оспособување на сите проблематични делници

Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница Скопје, од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистувањето и оспособувањето на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти јавното претпријатие „Македонијапат“. Од...

Албанија ќе донира 100.000 евра за последиците од поплавите

Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на последиците од поплавите во настраданите подрачја во Македонија. Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи. -...

Активиран Механизамот за цивилна заштита на ЕУ за настраданите во поплавите

Активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија по катастрофалните поплави кои го погодија скопскиот регион, а експерти на ЕУ ќе бидат распоредени во Македонија, соопшти денеска Европската комисија. Тим на технички експерти ќе пристигне утре, на 9 август, за да ја процени штетата...

УХМР: Невремето со веројатност на појавување еднаш во илјада години

Регистрираниот рекорден интензитет на невремето што завчера ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години, соопшти попладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на УХМР, невремето траело пет часа, од 17.20 до 22.10 часот во...

Труење, нелегална трговија и убивање се најголемите закани за дивиот свет во земјава

Незаконскиот отстрел на дивеч, користењето на примки, мрежи и стапици за фаќање диви животни, труењето и незаконската трговија со диви видови се најчестите случаи на криминал врз дивиот свет...