fbpx

Активиран Механизамот за цивилна заштита на ЕУ за настраданите во поплавите

-

Активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија по катастрофалните поплави кои го погодија скопскиот регион, а експерти на ЕУ ќе бидат распоредени во Македонија, соопшти денеска Европската комисија.

Тим на технички експерти ќе пристигне утре, на 9 август, за да ја процени штетата и да им даде препораки на државните и локалните власти.

– ЕУ е подготвена да и даде поддршка на БЈР Македонија во овој тежок период. Во контакт сме со властите во Скопје за да се овозможи брз одговор на барањето. Веќе испративме хуманитарен експерт денеска, а екипа на цивилна заштита ќе пристигне утре. Ги охрабрувам понудите за помош да дојдат што е можно побрзо. Ние сме, исто така, подготвени да обезбедиме и хуманитарна помош доколку е тоа потребно – вели комесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес.

Од Комисијата соопштуваат освен ангажирање на експерти, ЕУ ќе обезбеди „Коперник“ сателитски снимки на службите за итни случаи кои работат во погодените области.

Македонија и минатата година доби помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за време на поплавите во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...