fbpx

Пунктовите за хуманитарна помош организирани од волонтери се отворени

-

Од групата „Хуманитарна помош за настраданите семејства во Скопје“ демантираат дека нивните пунктови ќе бидат затворени.

„Сите пунктови коишто се организирани на социјалните мрежи функционираат со целосна посветеност на волонтерите, секој добиен продукт се маркира со ознака „H“ и се носи секаде каде што е потребно – за што може да посведочат и сите граѓани коишто се имаат обратено за помош до нас“, велат од групата.

Администраторите ги повикуваат граѓаните и натаму да донираат, секој на оној пункт којшто е во негова близина, бидејќи од час на час, потребите на населението стануваат поголеми.

„Истовремено ги повикуваме сите коишто се подготвени да волонтираат и да се уверат во чесноста, пожртвуваноста и алтруизмот на секој од волонтерите на пунктовите, да се вклучат во работата на самите пунктови и ќе се уверат со колкаво човекољубие се пристапува кон секој случај“, велат од групата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...