fbpx

На телефонскиот број 143-400 не може да се донира од странство

-

На телефонскиот број 143-400 за донации кој Црвен крст го отвори за помош на погодените од поплавите во скопскиот регион, не може да се остварат донации од странски мобилни оператори, потврдуваат за „Мета“ од „Оне-Вип“.

– На бројот кој е отворен за донации исклучиво може да вртат претплатници на соодветниот оператор. Донации не можат да се остварат од странски мобилен оператор, ниту од фиксен оператор во Македонија. Исто така донациите нема да бидат успешни доколку некој се обиде да донира од еден мобилен оператор на друг – велат од „Оне-Вип“ за „Мета“.

Парите кои граѓаните ги донираат на бројот 1430-400 се ослободени од 18 отсто данок на додадена вредност.

За изминатите неколку хуманитарни акции за кои имаше отворено телефонски линии, граѓаните инсистираа и пишуваа писма, за владата да се откаже од 18 отсто данок на додадена вредност.

По последните поплави кои се случија минатата година во пелагонискиот регион, се измени Законот за данок на додадена вредност во кој сега во член 24 точка 10 се вели дека за услугите со кои се овозможува донирање на финансиски средства за хуманитарни цели не се плаќа ДДВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...