fbpx

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ најгледани, граѓаните пред телевизор најмногу следат вести

Најголем дел од македонските граѓани редовно гледаат телевизија, при што најмногу внимание посветуваат на следењето вести и информативна програма на телевизиските канали. Во првиот квартал од 2020 година, најгледани домашни телевизиски канали биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“, се наведува во Кварталниот извештај...

ЗНМ реагира за односот на полицајците кон новинарот Салиу, Чулев ќе го испитал случајот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу за време на вчерашниот настан организиран од МВР за одбележување на Денот...

„Фридом Хаус“: Македонија со напредок во медиумскиот сектор, но и понатаму е во групата земји со транзициски хибридни режими

Најновиот извештај „Држави во транзиција“ на „Фридом Хаус“ за 2020 година покажува дека Македонија напреднала во критериумите „изборен процес“ и „независни медиуми“. Овогодинешната оценка за нашата земја е 3,75 и ова е трета година по ред да се подобрува демократскиот напредок. Македонија и Косово...

ЗНМ и ССНМ ги повикаа истражните органи да постапуваат по заканите кон Иванов, Стојановска, Додевска

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува вербалните закани кон новинарот Мишко Иванов, испратени до него на социјалната мрежа Фејсбук. „Вчеравечер, веднаш по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со...

Владата и ССНМ се разидоа за извештајот на „Репортери без граници“

Кон крајот на април „Репортери без граници“, го објави извештајот за состојбата со слободата на медиумите во светот, во кој Северна Македонија е рангирана на 92. место, од вкупно 180 земји. Тие сметаат дека нашата земја во последната година има забележано мал напредок во...

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни...

„Цивил“: Проблемот со дезинформациите во време на корона вирусот не ја одмина Македонија

Постигнувањата по падот на режимот во сферата на јакнењето на медиумските слободи се евидентни, но придружени се со низа слабости и предизвици, истакнува организација за човекови права и слободи „Цивил“. „Слабостите и предизвиците се последица и од трендови со поширок регионален и глобален карактер, но...

ААВМУ: 3 Мај потсетува дека владите имаат обврска да ја почитуваат слободата на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по повод 3 Мај - Меѓународниот ден на слободата на медиумите, порача дека покрај прославувањето на фундаменталните принципи и независноста на медиумите, овој ден служи и како потсетник за улогата на медиумите во развојот на демократијата...

„Метаморфозис“: Најголема закана се дезинформациите околу Ковид-19 пандемијата

Фондацијата „Метаморфозис“ одбележувајќи го Меѓународниот ден на слобода на медиумите, 3 мај, порачува дека кризата со пандемијата на Ковид-19 која ја одбележа годинава досега, дополнително ја нагласува неопходноста од обезбедување кредибилно известување и информации, како и потребата од беспоштедна борба со дезинформациите. Меѓународниот ден на...

Честитки за Светскиот ден на слободата на медиумите од СЕММ и МИМ

Честитки до новинарите по повод по повод 3 Мај - Светскиот ден на слободата на медиумите, но и предупредувања за опасностите на кои се изложени новинарите и медиумите, упатија Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). СЕММ побара...

ЗНМ и ССНМ: Професионалното новинарство е јавно добро кое не смее да се ограничи

Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 Mај, денес, повеќе од кога и да е претходно, стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија а тоа е дека...

Пандемијата не е изговор за ограничување на слободата на говорот

Советот на Европа ги предупредува земјите членки да не ја користат пандемијата со корона-вирусот за замолчување на медиумите, свиркачите или политичките противници. Ваков апел Советот упати на почетокот на април преку документ, со кој им дава насоки на земјите членки како поуспешно да се...

Во првиот квартал поднесени 109 жалби од баратели на информации од јавен карактер, десетина се од новинари

Покрај тоа што во изминатиов период ги реши сите заостанати предмети, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во предвидениот рок ги решава и жалбите кои пристигнуваат во моментов, информираат за „Мета.мк“ од Агенцијата. Во првиот квартал од 2020...

Новинари денеска поднесоа тужби против државата за нападите во Собранието на 27 април

Здружението на новинарите на Македонија потсетува дека на 27 април, пред три години се случи „крвавиот четврток“, каде поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери. „Во име на...

Совет на Европа: Слободата на изразување клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за Ковид-19

Слободата на изразување, вклучувајќи го и слободниот и навремен проток на информации, е клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за прашања поврзани со пандемијата со Ковид-19, се наведува во Упатството на Советот на Европа до владите ширум Европа за почитување на демократијата,...

ССНМ: Владата се кити со туѓи перја

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на соопштението на Владата во врска со извештајот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, порачувајќи дека Владата си припишува себеси туѓи заслуги. „Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на...

Влада: Остануваме отворени за секој конструктивен предлог од професионални медиумски орагнизации

Владата ја оценува улогата на медиумите како исклучително важна за време на пандемијата со Ковид-19, за навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата, соопштуваат од таму. Тие, како што велат, остануваат отворени за...

ЗНМ: Што поскоро да почне изработката на новиот предлог-Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) велат дека процесот на донесување на измени и дополнувања на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета треба да почне што поскоро, бидејќи нашата земја си зеде обврска да ги усвои уште во 2018 година. Министерството за...

ААВМУ бара од институциите отвореност за медиумите и двонасочна комуникација со новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) апелира до Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите и да го зголемат степенот на транспарентност во периодот на вонредната состојба поради епидемијата со корона вирусот. Од ААВМУ потенцираат дека комуникацијата со...

ЗНМ: Слободата на изразување да биде загарантирана и во вонредна состојба

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека владините институции и здравствените центри мора да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба. „Укажуваме дека ние како организација, a...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...