fbpx

„Фридом Хаус“: Македонија со напредок во медиумскиот сектор, но и понатаму е во групата земји со транзициски хибридни режими

-

Најновиот извештај „Држави во транзиција“ на „Фридом Хаус“ за 2020 година покажува дека Македонија напреднала во критериумите „изборен процес“ и „независни медиуми“. Овогодинешната оценка за нашата земја е 3,75 и ова е трета година по ред да се подобрува демократскиот напредок. Македонија и Косово се единствените две земји од Балканот во кои е констатиран напредок на демократијата во 2020 година. Најлоша оценка од 3,57 во извештајот „Држави во транзиција“ од „Хридом Хаус“ добивме во 2017 година.

Во извештајот на „Фридом Хаус“ е евидентиран напредок во медиумскиот сектор, чија што независност годинава е оценета со 3,5. Сепак, ваквата оценка не е поволна, бидејќи пониско рангирани од неа се единствено справувањето со корупцијата и судската независност во Македонија. Во 2020 година највисока оценка од 4,75 има добиено граѓанското општество во земјава.

И покрај констатираниот напредок, Македонија останува во групата на земји со транзициски хибридни режими, во која како европски земји се вклучени Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Молдавија и Украина.

Категоријата на држави со транзициски хибридни режими значи дека во Македонија се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓанските слободи.

Еден од авторите на овогодинешниот извештај на „Фридом Хаус“, Мајкл Шмелцер, во изјава за „Гласот на Америка“ вели дека напредок во областа на медиумите на Балканот е постигнат кај Македонија и Косово.

– Двете земји бележат напредок во областа на независните медиуми. Нашите стручњаци утврдија долгорочен тренд на пораст на објективното и веродостојно известување, како и зголемување на бројот на различни медиуми – посочи Шмелцер.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...