fbpx

Новинари денеска поднесоа тужби против државата за нападите во Собранието на 27 април

-

Здружението на новинарите на Македонија потсетува дека на 27 април, пред три години се случи „крвавиот четврток“, каде поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери.

„Во име на одбележување на овој црн ден за демократијата и застапување на слободата на изразувањето и безбедноста на новинарите, група новинари, помогнати од ЗНМ преку адвокатската канцеларија Медарски, денеска поднесe тужби. Тужбите против државата, се поднесени за утврдување на повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета. Овие тужби следат по претходен повик кој го имаше ЗНМ со цел обезбедување на правна помош за новинарите и медиумските работници кои беа нападнати или им беше уништена опрема во Собранието за време на тој немил настан,“ соопштуваат од ЗНМ.

Од таму потсетуваат дека Основното јавно обвинителство застанало во заштита на дел од политичарите и против дел од нивните напаѓачи беа преземени мерки по службена должност, по што следеа и затворски казни од страна на судот.

„И покрај тоа што група на новинари претходно даваа и искази во ОЈО за настаните од 27 април, каде имаше случаи и на физичко насилство, за жал се уште нема никаква правна постапка против сторителите каде што новинарите се оштетена страна. Затоа во услови кога има двојни стандарди за новинарите и кога државата не ги заштити нашите колеги истите се приморани преку приватни тужби да ја бараат правдата. ЗНМ сака да ги охрабри сите новинари да го кренат својот глас против нападите и притисоците на кои се или биле изложени и со тоа да пратат порака до јавноста и институциите дека тие повеќе нема да молчат. Исто така, судските постапки ќе го зголемат и притисокот врз институциите за да ги казнат насилниците, а со тоа ќе спречат во иднина да се повторуваат вакви напади кои се недозволиви и неприфатливи,“ се додава во соопштението.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...