fbpx

Влада: Остануваме отворени за секој конструктивен предлог од професионални медиумски орагнизации

-

Владата ја оценува улогата на медиумите како исклучително важна за време на пандемијата со Ковид-19, за навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата, соопштуваат од таму.

Тие, како што велат, остануваат отворени за секој конструктивен предлог кој доаѓа од професионалните и одговорни медиумски организации.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара владините институции и здравствените центри да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба.

Од Владата пак велат дека централна алатка, за граѓаните да бидат информирани, се дневните прес-конференции на официјалните институции, кои во зависност од динамиката и развојот на кризата се реализираат најмалку еднаш дневно.

Од таму додаваат дека ги прифатиле препораките на Здружението на новинарите на Македонија и на Европската федерација на новинари (ЕФН), со цел медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за коронавирусот и Ковид-19, да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини.

Од Владата информираат дека со интензитетот на пандемијата зачестиле барањата на акредитираните новинари што известуваат за настаните во организација на Владата, како и на нивните редакции, за обезбедување услови за заштита на новинарите во извршувањето на нивната работа.

„Овие барања се совпаднаа со ограничувањата на Владата за физичко групирање па многу бргу беше обезбедена алатката за онлајн видео прес-конференции за што беше распишан повик за акредитација за да се обезбеди можноста за онлајн видео вклучување на прес-конференциите во Владата, за време на вонредната состојба. Онлајн видео прес-конференциите беа поздравени од повеќето медиуми, имајќи предвид дека со нив се обезбеди двонасочна комуникација без да има потреба од физичко групирање на медиумските работници,“ истакнуваат од Владата.

Можноста за вклучување во живо на онлајн прес-конференции, како и можноста за обезбедување дозволи за движење за време на полициски час, Владата ги обезбедила согласно постоечки професионални и независни критериуми.

„За таа цел, Владата се водеше според сите постоечки регистри на медиуми во земјата, без оглед дали доаѓаат од регулаторното тело АВМУ или се саморегулирачки како тој на ЗНМ/СЕММ. Во време на вонредна состојба, кога граѓаните се потпираат на информациите од медиумите за да го заштитат сопственото здравје, Владата мора да го штити јавниот интерес и професионалното известување, а нема подобар начин да се следат критериуми и стандарди, од тоа да се земат предвид постоечките регистри на професионални медиуми, кои секако не ги креира Владата,“ се вели во соопштението.

Оттаму потенцираат дека прес-конференциите кои речиси секојдневно се одржуваат во Владата не се и никогаш нема да бидат заменети со снимани емисии. На прес-конференциите Владата одговара и на прашања од граѓани стигнати на владината имејл адреса.

„Последните две прес-видеосесии, вклучително и посочената „Ковид-19 – Прашања и одговори: Сè за коронавирусот” се реализираа во живо, не беа снимени и беше овозможено и реализирано вклучување на сите заинтересирани медиуми, при што новинарите им поставуваа прашања на претставниците на владата и добиваа одговори,“ истакнуваат од Владата.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...