fbpx

На УКИМ и УКЛО се пријавуваат повреди на студентските права, другите универзитети немаат правобранители

универзитети студенти
Недостапни професори, ненавремено закажување на испити, скратени рокови за сесии и бавни процеси на издавање документи од студентските служби – ова се проблемите што студентите ги пријавувале кај студентските правобранители на дел од државните универзитети во Македонија. Според Законот за високо образование, заради заштита на...

Матурантите викендов ќе одлучат која од понудените две опции за државна матура ќе ја прифатат

На државната матура, матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години или пак, да се полагаат четири предмети по скратени програми. Ова се опциите што ги понуди Собранискиот клуб за младински прашања и политики...

Студентските правобранители апелираат студентите да се охрабрат и да го пријават сексуалното вознемирување на универзитетите

Во март минатата година, со изречени пресуди заврши корупциската афера „Еразмус“ од Економскиот факултет, каде тројца професори и еден демонстратор беа обвинети за примање мито или барање сексуални услуги од студентки за да добијат преодни оцени. Професорите Ристевски, Јанев и Шуклев добија затворски казни...

Со донации за компјутери и таблети, општините во обид да обезбедат пристап до онлајн настава за сите ученици

Далечинското учење, односно онлајн наставата, наметната од условите поради пандемијата, ја истакна нерамноправноста и неусогласеноста на уживањето еднакви можности за сите. Дел од учениците, но и професорите, се соочија со недостаток на дигитални уреди и алатки, но и пристап до интернет. Ова ја засили...

Меѓународен ден на научничките: МОН ќе ја унапредува поддршката за талентирани ученици

По повод Меѓународниот ден на девојките и жените научнички, 11 февруари, Министерството за образование и наука (МОН) го честита денот и се приклучува кон неговото глобално одбележување. Како што велат од ресорното министерство, нивните главни заложби и приоритети се да создаде образование преку кое...

МОФ: Во сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити

При одржувањето на државна матура, клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите. Навремена комуникација со матурантите и обезбедување на нивна поддршка во целиот...

По средбата со премиерот, матурантите велат дека постои волја за компромис

По средбата со премиерот Зоран Заев, претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи посочи дека постои волја за компромис. Тие бараат да полагаат скратена програма за полагање на државна матура со образложение дека немале доволно време да ги подготват испитите. „Зборувавме со премиерот, кажавме и...

Отворен повик за дигитални мастер класови и водење младински медиумски кампањи за средношколци

Здружението за едукативен развој – „Еквалис“ во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), Асоцијација за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ и „Психотерапика“ отвараат повик за учесници-средношколци за следење дигитални мастер класови и за водење младински медиумски кампањи. Младинските пакети се комбинација на три различни тематски...

Сојузот на средношколци бара средба со Заев за државната матура: Времето истекува, брзо да делуваме

Сојузот на средношколци денеска испратил писмо до кабинетот на премиерот, Зоран Заев со цел да побараат средба околу прашањето за државната матура, односно намалување на бројот на предмети од четири на два и скратени наставни програми. „Се надеваме дека сте информирани за ситуацијата околу државната...

Матурантите од денеска на настава, ако не се прифатат нивните барања најавија протест пред МОН

Од денеска прекинува бојкотот на матурантите кои ќе продолжат да ја следат онлајн наставата. Тие ќе почекаат Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа предлог-законот со кој се предвидува измена во делот за државата матура, а доколку не се прифатат и гласаат...

Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот. „Ни требаат квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите...

Во петок јавна расправа во Собранието за новиот концепт за основно образование

Јавната расправа за новиот концепт за основно образование, која ја организира Собранието е закажана за во петок каде ќе се сублимираат сите мислења, а веќе потоа влегуваме во фазата на усвојување и подготовка на наставните програми коишто се клучни, рече денеска министерката за образование...

Сојуз на средношколци: Предавањата не беа ефикасни и квалитетни како во претходните години

Сојузот на средношколци и натаму не отстапува од барањето да има измени во државната матура. Една од причините за ова е поради затворањето на училиштета од март 2020 година, бидејќи како што велат, предавањата не биле поеднакво ефикасни и квалитетни како во претходните години. „Вообичаено...

МОН: Училиштата да најдат начин да ги надоместат изгубените часови

Додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече, додека 14.000 ученици пријавиле матура. Министерката Мила Царовска, која денеска во Штип пред бизнис секторот го презентираше проектот „Учи паметно, работи стручно“, беше...

Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование, велат од МОН

Министерството за образование и наука ги демантираа информациите проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Како што појаснуваат од МОН, прикажаните...

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат...

МОН планира да отвора нова образовни профили според потребите на компаниите

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти оти почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката...

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата...

Европски услови за практична настава во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид

Учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид во иднина ќе имаат посовремени услови за следење на практичниот дел од наставата благодарение на новиот современ кабинет кој беше опремен неодамна. Кабинетот располага со стандардна угостителска опрема, нагледни средства, наставни помагала и компјутерска...

Министерството за образование и Државниот студентски центар во несогласување околу повртатот на средства за студентите

Студентите кои уплатија за сместување и исхрана во државните студентски домови за месец март минатата година, кога домовите беа затворени заради пристигнувањето на корона вирусот во државата, сè уште не ги добиле назад уплатените средства. Според одлуката која во април ја донесе управниот одбор...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...