fbpx

Брнс: Владата и партиите да се воздржат од напади врз граѓанските организации

-

Шефицата на американската мисија во ОБСЕ, Кејт Брнс, денеска на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена му повтори на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, дека САД се загрижени за политичката ситуација во Македонија и дека продолжуваат одблизу да го следат развојот на настаните.

„САД остануваат разочарани од тоа што претседателот Иванов одби да им даде можност на пратениците што имаат јасно мнозинство да формираат нова влада. И понатаму веруваме дека ова не е доследно на заложбите на ОБСЕ, на основните демократски принципи и на владеењето на правото. Како стратешки партнер и пријател на Македонија, но и со целосно почитување на нејзиниот суверенитет и единство, САД го повикуваат претседателот Иванов да ја преиспита одлуката“, вели Брнс во пораката до Попоски.

Таа истакна дека Вашингтон ги повикува владата, политичките лидери и политичките партии да се воздржат од напади врз граѓанските организации и да пружат помош и поддршка за независните поединци и институции во нивната работа, како и да избегнуваат реторика која поттикнува тензии.

„Истовремено, соседите на Македонија треба да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во време на политичката чувствителност во земјата“, вели амбасадорката на САД при ОБСЕ.

Таа рече дека САД се приклучува кон повикот на генералниот секретар на ОБСЕ за целосно спроведување на Охридскиот договор и го повтори ставот на САД дека сите партии во Македонија треба на прво место да ги стават интересите на државата и на граѓаните и да ги имплементираат обврските преземени со Договорот од Пржино.

„Политичката криза може да се реши само преку почитување на македонските закони и на меѓународните обврски, како и преку почитување на волјата на народот, слободно изразена преку демократските процеси, вклучувајќи ги и изборите во декември лани, во духот на инклузивноста и на меѓуетничката соработка“, рече Брнс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...