fbpx

Богданци: Тројца загинати во експлозија во фабрика за плински боци

-

Три лица загинале во експлозија во фабриката за полнење мали плински боци „Балкан гас“ од Богданци, ни потврди сопственикот Игор Демирџеив. Еден работник со изгореници е пренесен во Скопје. Очевидци сведочат дека човекот во пламен се фрлил од зградата во реката Луда Мара, која тече непосредно до фабриката. Тоа, веројатно, му го спасило животот. Во моментот на експлозијата, во погонот се наоѓале пет работници, потврди Демирџиев.

Пожарот е локализиран претпладне, пред 11 часот, но пожарникарите остануваат на терен поради можноста да се случат нови експлозии. Засега никој не знае како избила експлозијата, по која, како што сведочат очевидци, имало и десетметарски пламен. Висок црн чад сè уште се издига над фабриката. Екипите засега остануваат надвор од фабриката бидејќи не е безбедно да се влезе внатре.

„Балкан гас“ работи од 2006 година и, како што вели сопственикот Демирџиев, ги поседува сите сертификати за безбедност, а досега немало никакви инциденти.

-Живеам на едно 500 метри, кога се слушна детонација. Притрчавме, имаше многу голем пламен. По 20-тина минути имаше уште една експлозија, експлодира цистерна. Подоцна ги изгасија, има три жртви. Се спасил еден, откако влегол во реката – вели еден очевидец.

Станар од зградата во соседство на фабриката раскажува:

– Слушнавме експлозија и дојдов, бев дома. Беше страшно – раскажува овој очевидецот.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...