fbpx

Благ пораст на бројот на заболени од грип, достапна е бесплатна четиривалентна вакцина

Oбезбедeни се 60.000 дози од бесплатната четиривалентна вакцина наменета за приоритетни групи население

-

Во текот на 40-та недела од годинава, во земјава пријавени се 32 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип. За споредба, во 40-та недела од минатата сезона, не беа регистрирани заболени лица, информираат во Институтот за јавно здравје, во последниот извештај за состојбата со грип во државата.

„Заболените лица оваа недела се првите случаи пријавени во новата сезона и се регистрирани во Дебар – 13, Прилеп – 8, Куманово – 6, Струмица – 4 и Радовиш – 1. Во однос на возраста, од 5-14 години регистрирани се 15 лица, од 15-64 – 14 лица и од лица над 65 години – 3. Во однос на моделот за последните 13 сезони, се регистрира зголемување од 11,5 отсто“, наведено е во извештајот.

Во текот на 40 недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 10 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 9 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и ковид-19, и истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот. Две лица се ковид-19 позитивни, а кај едно лице е детектиран аденовирус.

Што се однесува до вакцинацијата против сезонски грип, таа е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи – постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

„Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction). Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2023/2024 ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и/или здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Дополнителни 4.500 дози комерцијални вакцини се набавени од центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи, истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест и се спроведува во центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...