fbpx

Бислимовски: Нов пад на цените на горивата

-

Од полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) Марко Бислимовски.

Тој објасни дека во изминатата недела немало некое значително движење на цените на светските берзи, но поради промените во курсот на доларот, ќе има одредено намалување на цената на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 78 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 денари за литар.

Цената на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1 денар за литар и од ноќеска бензинот ќе се продава за 78,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 денари за килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,370 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,878 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,729 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 2,516 отсто и кај мазутот има намалување во просек за околу 2,069 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек е за околу 0,151 отсто понизок од курсот на доларот (58,6162 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...