fbpx

Приватните превозници со блокади пред Град Скопје, сообраќајниот метеж се префрли во Карпош

-

Сообраќајниот метеж во Скопје, утрово се префрли на територијата на Општина Карпош, поради протестот на приватните превозници пред бараките на Град Скопје. Булеварот „Илинден“ остана и денеска блокиран на потегот од кај Зоолошката градина до раскрсницата кај фонтаната во Градски парк. Утрово колони возила се појавија на улицата „Франклин Рузвелт“, на булеварот „Илинден“ и на улиците низ Дебар Маало.

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и понатаму ќе останат со блокадата на булеварот „Илинден“, откако скопската градоначалничка Данела Арсовска не одговори на нивното барање за средба. Сега тие чекаат да ги примат на состанок во Владата.

Штрајкот на приватните превозници продолжува паралелно со нивното несообраќање на градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз. Блокадата со автобуси почна на 28 ноември на крстосницата кај „Мавровка“, а нова блокада во траење од четири дена следеше од 5 до утрото на 9 декември, кога автобусите го блокираа сообраќајот на три локации – крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата кај Црвен крст и булеварот „Илинден“ пред Град Скопје.

По четири дена измачување, се ослободуваат две од трите блокирани крстосници во Скопје

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ бараат да им бидат исплатени долговите во висина од околу 1,5 милиони евра за да можат да почнат повторно со работа. Градот Скопје пак информираше дека договорите со двата превозника се веќе раскинати и минатата недела објави нов јавен оглас за избор на превозници што ќе сообраќаат на линиите „20“ и „22“.

Град Скопје бара нови приватни превозници што ќе возат на линиите „20“ и „22“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...