fbpx

Акцијата во Куманово ги „избрка“ луѓето од трговските центри

-

Безбедносната ситуација по случувањата во Куманово, освен на одложувањето на голем број настани и манифестации, влијаеше и на фреквенцијата на луѓето низ трговските центри, парковите и на места во градот кои вообичаено се раздвижени.

Имајќи предвид дека дел од трговските центри, од страна на челните луѓе, беа посочени и како мета на терористите, тоа влијаеше луѓето да ги избегнуваат овие места.

При посетата на трговскиот центар „Сити мол“, забележавме слаба раздвиженост и малку луѓе.

И вработените во дуќаните велат дека има помалку луѓе од вообичаено.

Во позната продавница за облека од препознатлива марка велат дека прометот овие денове е трипати помал од вообичаениот, а и фреквенцијата на посетители е помала.

Исто така, од познат синџир продавници за чевли велат дека прометот е ист, но дека има помал број на луѓе. Тие сметаат дека прометот се должи на сезоната на матури.

Управата на  „Сити мол“, од друга страна, вели дека „центарот работи сосема нормално“.

– Деновиве трговскиот центар работи сосема нормално, сите планирани активности во него се реализираат и засега не е забележан пад на посетители – изјавија за „Мета“ од „Скопје Сити мол“.

Малку луѓе, што е сосема разбирливо, викендов имаше и во Градски парк, на Водно, на Матка, места кои вообичаено се преполни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...