fbpx

Бесплатни стерилизации на кучиња во Берово и во Сопиште

Субвенционираната стерилизација на домашни миленици е само една мерка и голем чекор кон воспоставување на комплетна контрола на проблемот со бездомната популација на кучиња, велат од Анима Мунди и бараат сите останати градоначалници да го следат овој чекор

-

Општина Берово ќе врши субвенционирање на 100% од трошоците за стерилизација на триесет женки-кучиња на територијата на општина Берово, во текот на 2023 година, соопшти општината.

Cубвенцијата се состои од покривање на 100% од трошоците кои сопственикот ги има направено за стерилизација на истото. По основ на овој јавен повик ќе бидат субвенционирани 30 лица, а истиот ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Повик за бесплатна стерилизација има и Ветеринарната амбуланта „Ремедиум Вет“, која се однесува на сопственици кои имаат домашни миленици, а имаат свој имот на територијата на Општина Сопиште. За повеќе информации жителите на Сопиште можат да се обратат во општината. Оваа услуга ќе трае до април 2024 година.

„Сакаме да ја поздравиме одличната иницијатива за субвенционирање на стерилизации за домашни миленици на Општина Сопиште и Општина Берово.Овие две општини и нивните градоначалници Стефче Трпковски и Звонко Пекевски се меѓу првите што го препознаа коренот на проблемот во нивните општини и овожможуваат на жителите на територијата на нивната општина да ја добијат бесплатно таа услуга“, велат од Здружението „Анима Мунди“.

Оттаму додаваат дека субвенционираната стерилизација на домашни миленици е само една мерка и голем чекор кон воспоставување на комплетна контрола на проблемот со бездомната популација на кучиња.

„Се надеваме дека овој пример на одговорност ке го следат и останатите градоначалници во нашата држава и со тоа ке дадат свој огромен придонес кон решавање на проблемот кој трае со децении“, велат од „Анима Мунди“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...