fbpx

Бесими се сретна со новиот директор на Светска банка во Македонија

-

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска оствари средба со новоименуваниот директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели.

– Досегашната поддршка од Светска банка и нашето долгогодишно стратешко партнерство се од суштинско значење за Македонија, особено преку кредитните линии за изградба на патна инфраструктура со која се подобрува целокупната транспортна мрежа, а со тоа и конкурентноста на нашата економија – изјави вицепремиерот Бесими.

Тој ја афирмираше и националната структура за координација на финансирањето на големите инфраструктурни проекти, како заедничка платформа на Владата, ЕУ, Светската банка и на другите финансиски институции.

На средбата стана збор и за актуелните проекти што се финансираат преку ИПА-фондовите, а се реализираат во партнерство со Светската банка, вклучително и во делот на руралната инфраструктура и на санацијата на штетите од минатогодишните поплави.

Во текот на разговорот, Бесими дал и краток осврт на развојот на политичката состојба и моменталната економска состојба во Македонија, како и за итните реформски приоритети во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Притоа, тој ја истакнал и заложбата на земјата за отворена соработка со ЕУ, при справувањето со мигрантската криза со што покажа дека е сериозен партнер на ЕУ, подготвен да учествува во каков било план или заедничка заложба на Унијата.

Вицепремиерот Бесими и директорот Мантованели изразиле задоволство за можноста за понатамошна соработка меѓу Светската банка и Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...