„Барби“ го понесе рекордот за најголема почетна заработка на филм режиран од жена

Филмот Барби, режиран од Грета Гарвиг е на пат да стане најголемото филмско остваарување на 2023 година

Илустрација: Мета.мк / користени материјали: Mattel / Warner Bros. и Universal Pictures, Wikimedia Commons

Режисерката Грета Гервиг влегува во историјата како женски режисер со најголемо деби на филм, со почетна заработка од 377 милиони долари преку филмот „Барби“, пренесе Гардијан. 

Во САД и Канада, „Барби“ забележал огромна продажба на билети и заработка од 155 милиони долари низ 4.243 кино-локации, надминувајќи ги филмот „Супер Марио Брос“ и сите Марвел филмови излезени оваа година, со што станува најголемото филмско отворање на годината.

Паралелно со премиерата на „Барби“ во петокот, „Опенхајмер“ режиран од Кристофер Нолан заработил 93,7 милиони долари во САД, пренесува Би-би-си.

На меѓународно ниво, „Барби“ заработил 182 милиони долари од 69 територии, постигнувајќи „глобален викенд“ од 337 милиони долари, додека „Опенхајмер“ обезбедил 93,7 милиони долари преку 78 територии.

Филмот „Опенхајмер“ е фокусиран на развојот на атомската бомба, со Силијан Марфи во главната улога.

Во меѓувреме, „Барби“ раскажува приказна за детската играчка која патува во вистинскиот свет за себеоткривање по егзистенцијална криза. Во главните улоги се Марго Роби и Рајан Гослинг како Барби и Кен.

Конкуренцијата помеѓу двата филма крстена „Барбенхајмер” им помогна на кината да заработат во кризата во која големите платна генерално губат од своите конкуренти – стриминг платформите.