fbpx

„Балкан холидејс“ ќе го промовира Охрид во Велика Британија

-

Tуристичкиот оператор „Балкан холидејс“ од Лондон изразил подготвеност да го промовира Охрид во Велика Британија. Тоа би се одвивало пред познати туристички агенции и пред медиумите, кои ќе помогнат со објавување рекламни публикации за балканскиот Ерусалим.

Претставници на „ Балкан холидејс“ веќе оствариле средба со претставници на охридската локална самоуправа.

– Заеднички беше констатирано дека одличен потег е воведувањето на субвенционираната авионска чартер-линија од лондонскиот аеродром „Лутон“ до Охрид и назад, бидејќи се олеснува креирањето нови туристички аранжмани. Од „Балкан холидејс“, која работи на пазарите во Бугарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и во Романија со околу 4.000 агенти, најавија дека имаат сериозни намери и за присуство на охридскиот туристички пазар. Сметаат дека доколку има добро организирани форми на алтернативен туризам, како што се пешачки тури низ стариот дел на градот, Националниот парк Галичица или руралните средини, тие можат да направат интересни аранжмани за посебни целни групи на британски туристи – информираат од  Општина Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...