fbpx

Бајден – Шји: САД и Кина ја обновуваат воената комуникација

Неколку часа пред средбата на претседателите, владите на двете земји ветија поблиска соработка во борбата против климатските промени

-

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг имаа лична средба за прв пат по повеќе од една година. Тие се сретнаа на еден имот во близина на Сан Франциско и неформално се поздравија, јави Дојче Веле.

Уште на почетокот Бајден повикал односите помеѓу Кина и САД да се уредуваат одговорно. Натпреварот меѓу двете земји, според него, не смее да прерасне во конфликт.

„За две големи земји како Кина и САД не е опција да се дистанцираат една од друга. „Не е реално едната страна да ја менува другата, а конфликтот и конфронтацијата имаат неподносливи последици за двете страни”, истакнал Шји.

Подоцна беше соопштено дека двете земји ја обновуваат воената комуникација. Таквиот чекор е од „клучно значење”, оцени Бајден.

Двајцата претседатели разговарале и за Тајван, при што кинескиот лидер Шји истакнал дека тоа е најголемиот и потенцијално најопасниот конфликт во односите на двете земји, беше нагласено од претставник на американската влада. Шји му рекол на Бајден дека САД треба да престанат да го вооружуваат Тајван и наместо тоа да го поддржат обединувањето со Пекинг.

Американскиот претседател, од другата страна, го предупредилкинеското раководство да не се меша во претседателските избори во Тајван следниот јануари, пренесува „Дојче Веле“.

Неколку часа пред средбата на претседателите, владите на двете земји ветија поблиска соработка во борбата против климатските промени. Во заедничката изјава, Вашингтон и Пекинг ја опишаа климатската криза како „еден од најголемите предизвици на нашето време“. Тие исто така рекоа дека климатскиот самит на ОН COP28, кој започнува во Дубаи на крајот на месецот, мора да биде успешен.

Освен тоа, во разговорите, претседателот на САД договорил поддршка од Кина во борбата против увозот на лекарството Фентанил во САД. Тој договорил мерки со Шји Џјинпинг за да го намали извозот од Кина на состојки за производството на Фентанил.

Релациите меѓу САД и Кина веќе долго време се многу напнати. Бајден и Шји не се сретнаа, ниту разговараа од Г-20 самитот во ноември 2022 година, што се одржа на Бали.

Изминатите месеци имаше разни средби и разговори на високи претставници на двете држави, но не и лично меѓу двајцата челници. Тие сега се сретнаа на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска заедница АПЕК во Сан Франциско.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...