fbpx

Атина во грч: По Курц и Кундерс, и Туск и Јункер ќе пристискаат за бегалците

-

Изјавите на европските функционери за затворање на македонската граница за мигрантите продолжуваат да ја тресат Грција. Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, во изјава за грчкиот весник „Та неа“ уште еднаш истакна дека Европа може да ѝ се закани на Грција со затворање на границите како начин да се притисне државата за поефективно справување со бегалската криза и за регистрирање на бегалците што патуваат кон ЕУ.

„Ако се затворат северните граници и Грција остане повеќе од 24 часа со бегалците на своја територија, тогаш драстично ќе го смени интересот за да добие европска помош“, вели Курц за „Та неа“, додавајќи дека ваквиот чекор ќе ги обесхрабри бегалците да патуваат кон Европа.

Според австрискиот шеф на дипломатијата, бегалскиот бран ќе се намали само ако се затвори границата, а ако тоа не е грчко-турската, тогаш ќе мора да биде грчко-македонската граница.

За бегалкското прашање вчера тет-а-тет разговараа грчкиот премиер Алексис Ципрас и холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс. Ципрас посочи дека е потребно заедничко европско решение и напор за подобро справување со бегалската криза. Двајцата политичари разговарале за спроведување на планот меѓу ЕУ и Турција, како и за ситуацијата со војната во Сирија.

Весникот „Етнос“ пренесува дека Кундерс говорел за холандските притисоци врз Турција за да се исполни договорот, како и за притисоците што се прават врз земјите од Вишеградската група за да се повлече реториката за затворање на македонската граница со Грција за бегалците.

Ципрас истакнал дека бегалската криза е во критичен момент и дека неопходно е да има блиска соработка меѓу сите членки на ЕУ и Турција за поефективно справување со кризата и со проблемите од неа.

„Потребно е да има колективна, европска, хуманитарна реакција за да можеме да ги намалиме не само бегалските текови, туку и сите драматични случувања во Егејско Море“, посочил Ципрас.

Грчкиот премиер за оваа тема утре, во Атина ќе разговара со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, а в среда во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Средбите се во пресрет на самитот на ЕУ за бегалската криза на 18 и на 19 февруари, на кој ќе се одлучуваат европските чекори кон Грција. Атина се надева состанокот да помине без драстични одлуки за неа бидејќи оди во Брисел со пет подготвени центри за бегалци и одлука за изградба на два дополнителни прифатни центри на периферијата на Солун и на Атина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...