fbpx

Антитерористичка акција во Брисел, уапсено едно лице

-

Бриселската полиција денеска спроведе акција во квартот Шаербик, при што е уапсено едно лице. Акцијата е поврзана со вчерашното апсење на терористот во Париз.

Телевизијата „Ер-те-бе-еф“ јавува дека едно лице одбивало да ги изврши полициските наредби, по што е неутрализирано. Лицето кај себе имало ковчег или торба во која се наоѓал експлозив.

Началникот Бернард Клефајт рече дека акцијата е завршена, но оти и понатаму се вршат претреси и проверки. Тој соопшти дека едно лице е уапсено.

За време на акцијата се чуле и две експлозии, а на терен имало и робот за деминирање.

Акцијата почнала по 13 часот, кога полицајците упаднале во куќа во квартот Шаербик. Голем број вооружени полицајци и воени возила ја обезбедувале улицата за време на акцијата.

Се слушната и трета експлозија, но се претпоставува дека станува збор за шок-бомба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Само 90 Руси што одбија регрутација во војска добиле германски азил

Околу 3.500 Руси на возраст за регрутирање поднеле барање за азил во Германија од почетокот на руската инвазија на Украина, но само 90 од нив досега се прифатени, пишува...