fbpx

Андреевски: Скандалозно е намалувањето на цената на струјата за 0,25 проценти

-

Укажуваме дека постои реална можност за намалување на цената на струјата – не во промили, туку за десетици проценти, бидејки од лани е падната цената на електричната енергија на регионалните берзи и граѓаните веќе со месеци плаќаат поскапа струја, вели Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Според него, со денешната одлука, Регулаторната комисија за енергетика повторно ги штити бизнисите на трите енергетски компании и нивните соработници и дозволува граѓаните да плаќаат скапа струја.

– Досега апелиравме, денеска порачуваме ќе има ревизија на денешната одлука на Регулаторната комисија! Ќе има ревизии и на сите претходни одлуки поради кои во изминатите 10 години цената на струјата е зголемена за речиси 100 проценти! Ќе дознаат сите кои фактори влијаеле за формирање на ваква цена на електричната енергија! – порача Андреевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...