fbpx

„Амстердамската тројка“ ќе формира граѓанско движење под името „Има иднина“

-

„Амстердамската тројка“, односно Владимир Лазаревик, Никола Димитров и Перо Димшоски, во пресрет на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат формирање на граѓанско движење под името „Има иднина“, јавува „24 Вести“.

– Целта на таа граѓанска платформа, во форма на граѓанско здружение, што е сосема различно од политичка партија, е вистински да покаже дека во Македонија има граѓани што имаат капацитет, дека во Македонија има луѓе што можат да ветат и да ја прифатат одговорноста да реализираат и да испорачаат нешто во интерес на граѓаните. Институциите се узурпирани, судството е узурпирано и, на некој начин, граѓаните се окупирани. Ние тоа сакаме да го промениме – вели Владимир Лазаревик за „24 Вести“.

Тие засега немаат намера да одржат паралелен конгрес, заедно со Форумот на слободоумни патриоти на професорот Јове Кекеновски, а како што додал Лазаревик за телевизијата, изминативе два месеци настојувале да влијаат врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ и да укажат дека се потребни сериозни внатрепартиски реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...