fbpx

АМСМ: Поради снегот воведена забрана за тешки товарни возила на Стража и на Пресека

-

Поради врнежите од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, a од 15.45 часот е воведена и забрана за тешки товарни возила и на планинскиот превој Пресека, соопштуваат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот дел од земјата, на места има остатоци од снег, по интервенција на екипите на „Македонија пат“.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата (оваа информација се однесува само за македонската страна на премините), велат од АМСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...