fbpx

Амишите се вакцинираат и не се поштедени од канцер или аутизам

Голем број на студии и експерти потврдуваат дека добар дел од Амишите прифаќаат вакцини, а дел од болестите на 21 век, како канцерот, на пример, не ги одминуваат ни нив, иако заболуваат во пониски стапки

-

Стив Кирш, кој говори во видеото од постот, самиот за Асошиејтед Прес кажал дека за неговото излагање пред сенатот во Пенсилванија немал најдено какви било медицински студии, туку само го кажал своето лично искуство дека меѓу Амишите не можел да најде лица кои страдаат од канцер, дијабетес, аутизам, автоимуни болести… Но, и самиот вели дека тоа не значи оти тие не постојат во оваа заедница. Голем број на студии и експерти потврдуваат дека добар дел од Амишите прифаќаат вакцини, а дел од болестите на 21 век, како канцерот, на пример, не ги одминуваат ни нив, иако заболуваат во пониски стапки, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видеоматеријал во којшто Стив Кирш, американски бизнисмен и промотор на дезинформации за ковид-19 и вакцинацијата, пред  сенатот во Пенсилванија вели:

Амишите се совршен пример за голема група на луѓе кои се претежно невакцинирани и не можеме да најдеме дете со аутизам кое е невакцинирано. Многу е ретко во заедниците на Амишите. Нема да најдете ни деца со дефицит на внимание (Аttention Deficit Disorder), ни деца со автоимуни болести, ни деца со ПАНДАС, ниту со ПАНС, ни со епилепсија. Едноставно ги нема овие хронични болести кај Амишите. И знаете, американската влада ги проучува Амишите со децении, но никогаш нема извештај од тие проучувања кој е јавен. Секако, тој извештај би покажал дека „ако не ги следите нашите совети и насоки ќе бидете поздрави“. Затоа нема извештај после децении од проучување на Амишите, зашто тој извештај би бил поразителен за наративот. Тој извештај би покажал дека Центарот за контрола и превенција на болести ѝ  наштетувал на јавноста со децении со криење на сите податоци.

Проверувачите на факти на Асошиејтед прес пишуваат дека експертите кои ги проучуваат заедниците на Амишите велат оти повеќето членови на овие заедници имаат некое ниво на вакцинација и дека истражувањата покажале значаен број на смртни случаи од ковид во овие заедници. Исто така, во студии за заедниците на Амишите документирани се случаи на аутизам, дијабетес и канцер, иако во пониски стапки и дека причината за таа пониска стапка е неповрзана со вакцинацијата.

Но, нема студија која ги поткрепува фактите дека Амишите се имуни на сериозни медицински состојби поради тоа што одбивале вакцини. Наспроти тоа, Стивен Кирш, поранешен бизнисмен од Силиконската Долина и сегашен антиваксер, во сведочење пред сенатот на Пенсилванија тврдеше дека зборувал со Амиши во округот Ланкастер и сфатил дека само петмина членови умреле од коронавирусот. Тоа го водело да заклучи дека Амишите умираат во стапка која е 90 пати пониска од онаа на смртност во САД.

Тврдењата на Кирш дека децата Амиши не страдаат од канцер, дијабетес, аутизам, автоимуни болести и низа други болести, Кетрин Валас, епидемиолог на Универзитетот за јавно здравје во Чикаго Илиноис, на Инстаграм ги искоментира како непоткрепени.

Валас за Асошиејтед Прес вели дека:

Нема студија. Тоа е само Стив Кирш кој кажува дека не можел да најде невакцинирани деца со аутизам во таа заедница.

Кирш, во телефонско интервју, исто така, потврдил дека немал најдено таква студија.

Тоа беше неформален обид од моја страна со користење на повеќе методи да се обидам да дознаам кои се здравствените ефекти на Амишите кои се невакцинирани, рекол тој во телефонско интервју, пренесува Асошиејтед Прес.

Валас и други експерти за заедницата на Амишите, цитираа со години публикувани, прегледани од медицинската заедница истражувања за овие заедници, кои се наоѓаат во повеќе од 30 држави и заедно претставуваат 360 илјади луѓе.

Студија од 2011 година за педијатрија, на пример, открива дека само 14 проценти од Амишите кои биле испитани не ги вакцинирале своите деца воопшто.

Вакцинираат со пониска стапка отколку генералната популација, ама се далеку од невакцинирани, вели Валас.

Алан Шулдинер, основач на Истражувачката клиника за Амиши на Универзитетот во Мериленд, вели дека не е точно оти децата Амиши немаат дијабетес.

Тие имаат пониска инциденца на хронични болести отколку децата што не се Амиши, ама причината не е вакцинацијата, туку животниот стил кој е повеќе физички активен што ги прави послаби, вели тој, цитирајќи студија од 2013 година објавена во „Грижа за дијабетесот“.

Брекстон Мичел, епидемиолог од факултетот за медицина на Универзитетот Мериленд, кој, исто така, истражувал за заедниците на Амишите, вели дека аутизмот се случува и таму, наспроти тврдењата изнесени во постот што го рецензираме. Но, тој вели дека е предизвик да се соберат добри податоци на оваа тема, бидејќи аутизмот и другите слични и поврзани состојби бараат клинички иследувања и експертски дијагнози, кои семејствата на Амишите можеби не ги бараат.

Навистина, студија од 2010 година од Интернационалното друштво за истражување на аутизмот, наоѓа дека аутизмот е помалку присутен во заедниците со Амиши отколку во САД генерално, но идни дополнителни истражувања се потребни за да се детерминира како културните норми и обичаи играат улога во овие бројки.

Неодамнешните истражувања покажаа дека заедниците на Амишите не се комплетно изолирани од ковид, вели Стивен Нолт, експерт за Амиши од колеџот Елизабет таун во Пенсилванија.

Студија објавена во јуни во Журналот за религија и здравје наоѓа дека стапките на прекумерна смртност кај групите на Амишите расте со сличен интензитет, како и во цела Америка за време на првата фаза на пандемијата.

Истражување објавено во 1988 година во Општествени науки и медицина, наоѓа дека заедниците на Амишите имаат високи стапки на рак на дојка и детска леукемија, но ниски стапки на канцер на матка, вели Марк Лоуден, од Универзитетот Висконсин. Таа студија ги истражувала и инциденците на канцер на желудник, ректум, мочен меур и простата.

Сумирано, ова тврдење не е базирано на докази. Иако Амишите, вклучително и нивните деца, се генерално поздрави ова е поради комбинација на животен стил и генетика, а не поради нивната стапка на вакцинација, вели Лоуден.

Но, Кирш, како што пишува Асошиејтед прес, и самиот признава дека само затоа што неговите напори не откриле примери на канцер, дијабетес или аутизам меѓу децата Амиши, не значи дека тие не постојат.

Проверувачите на факти на Политифакт пишуваат дека има случаи на деца со канцер меѓу Амишите, кои се документирани медиумски, a има и документирани случаи на аутизам.

Епидемиологот Брекстон Мичел, кој истражува повеќе од 25 години за популацијата на Амишите во Ланкастер, Пенсилванија, вели дека детските вакцини против дифтерија, ротавирус, полио, тетанус, се поприфатени меѓу Амишите, отколку вакцините против ковид-19. Мичел вели дека канцерот и дијабетесот се поретки кај децата, но дека се случуваат и во заедници на Амиши, исто како и аутизмот.

Нема студии што ќе покажат дека аутизмот е помалку чест меѓу деца Амиши споредено со другите, вели тој за Политифакт.

И Хелт Фидбек пишува дека тврдењето дека Амишите се поздрави зашто се невакцинирани е невистинито, дека само мал дел од Амишите не се вакцинираат.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...