недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: аутизам | 26 резултати

Антиваксерска објава со куп невистини обвинува за сатанизам

14 јануари 2024

Вакцините не содржат графен оксид, чипови, антифриз, не ја менуваат ДНК на личноста, ниту пак, некој ги условува граѓаните да примат вакцина, туку тоа е резултат на добра волја на граѓанинот кој сака да се вакцинира. Во објавата се изнесува и невистина дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам, што е отфрлено од медицинската и научната заедница […]

Мајка на дете со аутизам бара училиштата да имаат сензорни соби и вработените да се обучат

10 јануари 2024

Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФПЗ) да биде подостапна за родителите на деца со аутизам, да има поголем буџет за наставните асистенти, а на локално ниво училиштата да имаат сензорни соби и обуки за вработените во училиштата, се главните пораки што ги пренесува за Порталб.мк Ана Арсовска Анѓелеска како родител на дете со […]

Антиваксерска објава неточно ги поврзува вакцините со аутизмот

21 декември 2023

Објавата ја шири добропознатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Оваа […]

Мета факт: Дневниот центар за деца со аутизам во Кочани остана само предизборно ветување

5 септември 2023

Не е изграден Дневниот центар за деца со аутизам со Кочани што во својата предизборна програма го најави актуелниот кочански градоначалник. Ова ветување на градоначалникот Љупчо Папазов, и покрај тоа што рокот истекува, е неисполнето. Во својата предизборна програма за Локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник […]

Амишите се вакцинираат и не се поштедени од канцер или аутизам

6 август 2023

Стив Кирш, кој говори во видеото од постот, самиот за Асошиејтед Прес кажал дека за неговото излагање пред сенатот во Пенсилванија немал најдено какви било медицински студии, туку само го кажал своето лично искуство дека меѓу Амишите не можел да најде лица кои страдаат од канцер, дијабетес, аутизам, автоимуни болести… Но, и самиот вели дека […]

Не е точно дека не постојат аутистични деца кои не се вакцинирани

15 јули 2023

Не постојат докази кои го поврзуваат појавувањето на аутизам кај децата и вакцините. Бројни студии се направени за споредба на процентот на деца со аутизам помеѓу тие кои се вакцинирани и невакцинираните деца, а резултатите покажуваат дека нема разлики во процентот. Едно истражување спроведено во САД покажува дека децата со аутизам и нивните браќа и […]

Вистиномер: Неверодостојна приказна за дете со аутизам, се користи за да се собираат лајкови на Фејсбук

24 август 2022

Во написот пишува дека мајката и девојчето со аутизам сакале да се симнат на постојката пред главна пошта, меѓутоа, спротивно на изнесеното, автобусот број 23 на ЈСП воопшто не поминува кај главната пошта, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува […]

Нова епизода на „Шорткат“: Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите!

16 декември 2021

Во новото издание на „Шорткат“ информираме за книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на Аниса Ејуп Беќировиќ, мајка на 15-годишното момче со нискофунцкионален аутизам Адам. Во книгата што ја подготвува, Аниса го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. За тоа какви им се секојдевијата, каков е  германскиот образовен ситем […]

Меѓународен ден на лицата со попреченост: „Не ме викај аутист, моето име е Адам“

3 декември 2021

Аниса Ејуп Беќировиќ е мајка на петнаесетгодишното момче Адам кој има нискофункционален аутизам, како и на седумгодишниот Роман кој е дете со типичен развој. „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ е насловот на новата книга што таа ја подготвува, а која го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. По повод […]

Промовиран двојазичниот прирачник „Живот со аутизам-Предизвици и стратегии за поддршка“

14 јули 2021

Двојазичниот прирачник за семејствата на деца со аутистичен спектар на нарушување: „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“, денеска беше промовиран во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Целта е со прирачникот да се подигне јавната свест за да се влијае врз промената на ставовите на луѓето кон лицата кои се различни, како и […]

Разобличување на дезинформациите дека вакцините содржат состојки кои се штетни за човековото здравје

2 јули 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Во Охрид отворен Регионалниот центар за рани интервенции и третман кај деца со аутизам

5 декември 2019

Од денес во Охрид започна да функционира регионалниот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар. Центарот е сместен во просториите на Општа болница – Охрид, а е опремен со најсовремена соодветна опрема која ги опфаќа сите потреби на децата, од психолошки развој до социјализација. Во име на општина Охрид, […]

Аутизмот не е поврзан со MРП вакцината, покажува најновата голема студија

5 март 2019

Вакцината МРП за морбили, рубеола и паротитис не го зголемува ризикот од аутизам, ниту предизвикува аутизам кај децата, покажува најновата голема студија спроведена на 650.000 деца, објави британски „Гардијан“. Истражувачите го користеле пописот на населението, за да проценат дали МРП вакцината е ризик од аутизам кај децата родени во Данска од 1999 до 2010 година. […]

Во последните четири години опфатот со МРП вакцината е под 90 отсто

26 октомври 2018

Падот на опфатот со првата доза на МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца. Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација […]

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари за лицата со аутизам од здружението „Во мојот свет“

8 ноември 2017

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари финансиска поддршка за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром – „Во мојот свет“, за вработување на две лица во втора смена. На средбата, претставници на Здружението „Во мојот свет“ го информирале градоначалникот на Општината, Златко Марин, дека имаат потреба и од простории, […]

Општина Тетово ќе продолжи да го помага Центарот за аутизам во Тетово

25 април 2017

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го посети здружението на албански психолози кое работи на евиденција и на едукација на деца со аутизам во рамки на Центарот за аутизам, а финансиски е поддржано од Општина Тетово. – Денеска сум во посета на еден проект, што почна како идеја на психологот Миген Хамзаи, за евиденција и за работа со деца […]

Родители на деца со аутизам од Штип најавуваат кампување пред институциите

14 септември 2016

Единствениот вработен дефектолог во Центарот за аутизам во Штип пред два дена си дал отказ, а родителите на децата со аутизам не биле информирани за тоа. Тие денеска наидоа на затворена врата во Центарот за аутизам. Родителите немаа информација зошто е затворен Центарот за аутизам, каде нивните деца ги поминуваат часовите додека тие се на […]

Преку спортски активности до психофизички развој на децата со аутизам

4 април 2016

Физичката активност може многу да помогне во целокупниот психофизички развој на децата со аутизам. Ова беше истакнато на денешната спортска манифестација организирана по повод Меѓународниот ден на аутизмот, одржана на спортските терени на Државниот универзитет во Тетово. Деца со аутизам од Тетово, Гостивар и од Дебар учествуваа во повеќе спортски дисциплини. – Мора да кажам […]

Децата со аутизам добија платформа за компјутерски игри

7 март 2016

Платформа преку која безжично, со гестови, ќе може да се контролира компјутерска игра изработија студентите од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Оваа платформа, која денеска беше промовирана во Штип, е наменета за деца со аутизам и со синдром на дефицит на внимание, познат под кратенката АДХД. Раководителот на проектот, професорот Сашко Коцески, […]

Светски ден на аутизмот

2 април 2015

Осми пат денеска, се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од Генералното собрание на Обединетите нации, за да се сврти светското внимание кон аутизмот како глобален здравствен проблем во подем. Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се […]

Страна 1 од 2