fbpx

Американски радиоводител – антиваксер и критичар на Фаучи, се премислил на смртната постела

-

Пред да умре, Дик Фарел се попишманил и на пријателите почнал да им препорачува да се вакцинираат.

Дик Фарел, радио водител од Вест Палм Бич, Флорида, САД, умрел на 4 август на 65-годишна возраст поради компликации предизвикани од ковид-19, јави познатиот веб-сајт за вести „Дејли Бист“.

Фарел бил озлогласен поради постојаните напади против д-р Антони Фаучи, кого го нарекувал „лажлив  изрод“, додека на своите следбеници им кажувал да не се вакцинираат против ковид-19. Според изјавата на неговите пријатели за радиостаницата WPTV, откако Фарел поминал скоро три недели во болница, пред смртта ги охрабрувал да се вакцинираат.

Во текот на претходниот период, Фарел ги застапувал антиваксерските позиции на крајната десница, обвинувајќи ја Демократската Партија во САД за лажење дека постои пандемија со цел да ја заграби власта.

Дури и на почетокот на јули, Фарел ширел дезинформации за пандемијата, убедувајќи ги своите следбеници да не носат маски и кажувајќи им нема потреба да се вакцинираат ако веќе прележале ковид-19, наспроти објавите на државниот Центар за контрола и превенција на болести (CDC.gov) кои ги советуваат и лицата кои биле пациенти за оваа болест да се вакцинираат.

Тој исто така ги ширел теориите на заговор за нелегитимноста на изборите во САД на кои беше поразен Доналд Трамп, при што на Фејсбук пишувал објави за започнување нова граѓанска војна меѓу десничарите и либералите.

Неговата блиска пријателка Еми Ли Хер напишала на Фејсбук дека по претсмртната порака од Фарел се вакцинирала, откако го надминала стравот од евентуални несакани последици од вакцинирањето.

Според „Дејли бист“, Фарел бил еден од низа противници на вакцинирањето присутни во медиумскиот простор во САД кои го изгубиле животот заради ковид-19 во последно време. Меѓу нив бил и функционерот на Републиканската Партија од Тексас Х. Скот Епли (45).

Епли до пет дена пред смртта преку Фејсбук го исмејувал носењето маски. На 1 август бил примен во болница заради инфекција од ковид-19. Политичарот бил ставен на респиратор и починал по три дена. Локалниот весник Форт Ворт Стар-телеграм јави дека според објава на Републиканската Партија и неговата сопруга и нивниот петмесечен син се исто така инфицирани со ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...