fbpx

Амбасадата на САД соопшти дека телефонските линии им функционираат нормално

-

Телефонските линии на Амбасадата на САД во Македонија работат нормално, соопштија од амбасадата преку официјалните профили на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Синоќа американската амбасада во Македонија преку социјалните мрежи соопшти дека телефонските линии ѝ се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент.

„Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот центар на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“, стои во вчерашниот твит на официјалниот профил на Амбасадата на САД.

Од Амбасадата на САД вечера во МВР било пријавено дека е можно во возило, кое било паркирано пред амбасадата, да има експлозив. Од МВР за „Мета“ потврдија дека го утврдиле идентитетот на сопственикот на возилото, марка „застава“, што вчера ги мобилизираше тимовите за антитероризам.

Американската амбасада го потврди инцидентот, но негираше каква било поврзаност со нефункционирањето на телефонските линии.

„Во изолиран инцидентот, амбасадата може да потврди дека постоело сомневање за возило, кое синоќа било паркирано на улицата пред амбасадата. Побаравме помош од МВР и единиците на МВР одговорија соодветно. Возилото беше отстрането без инциденти. За понатамошни детали за тековната истрага, контактирајте со МВР и ова нема никаква поврзаност со проблемите што ги имаме со нашите телефонски линии“, стои во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...