fbpx

Акција на МВР во Министерството за животна средина, приведени двајца вработени

-

Министерството за внатрешни работи почна акција поради сомнежи за криминал, односно незаконско работење во Министерството за животна средина. Во управата и во инспекторатот за животна средина се приведени две лица и уште едно надвор од работното место.

Поголем број лица, сопственици или управители на компании, се осомничени како соучесници и ќе бидат повикани на разговор.

Сомнежите се во насока на злоупотреба на службената положба и поткуп при издавање дозволи за увоз.

Од Министерството повеќе детали околу истрагата најавуваат во текот на утрешниот ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...