Активисти за човекови права од Украина, Белорусија и Русија добитници на Нобеловата награда за мир

-

Нобеловата награда за мир за 2022 година им е доделена на белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијацки, украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи и руската организација за човекови права „Меморијал“, соопшти денеска Нобеловиот комитет, пренесува весникот „Гардијан“.

Активистот Бјалијацки во моментов се наоѓа во затвор поради политички мотивирани обвиненија за затајување на данок, а Нобеловиот комитет денеска повика на негово ослободување за да може да присуствува на церемонијата на доделување на наградата што ќе се одржи на 10 декември во Осло.

„Лауреатите на наградата за мир го претставуваат граѓанското општество во нивните земји. Тие долги години го промовираат правото за критикување на моќта и заштита на основните права на граѓаните. Тие направија извонредни напори да ги документираат воените злосторства, злоупотребата на човековите права и злоупотребата на моќта. Заедно тие го демонстрираат значењето на граѓанското општество за мирот и демократија“, велат од Норвешкиот Нобелов комитет.

Од Нобеловиот комитет додаваат дека нивната одлука им оддава почит на предводниците кои се залагаат за заштита на човековите права, демократијата и мирната коегзистенција во Белорусија, Русија и Украина.

Белорускиот активист Бјалијацки е четвртата личност во историјата која ја добила Нобеловата награда за мир додека се наоѓа во затвор или притвор. Во Русија, судските власти пак минатиот декември ја затворија организацијата „Меморијал“, која важи за една од најпочитуваните организации за човекови права во земјата, велејќи дека организацијата го прекршила контроверзниот закон за „странски агенти“.

Во Украина, Центарот за граѓански слободи, основан во 2007 година работеше на зајакнување на граѓанското општество во Украина, а истовремено се залагаше за унапредување на владеењето на правото и почитувањето на меѓународното право.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...