Акцијата „Подари книга“ во Тетово порачува дека книгите не треба да „венеат“

Фото: Ардит Рамадани, Порталб.мк

Доколку сакате да го пренесете вашиот впечаток од некоја книга кај други, важно е таа книга да ја подарите. Така вели Ардита Асани, една од активистите на Ротари Клубот која веќе три дена на градскиот плоштад во Тетово собира донации на книги. Овие книги таа ќе ги донира на новата библиотека во село Пирок (Тетовско) и на неколку основни училишта, пишува Порталб.мк.

Акцијата насловена „Подари книга“ започна пред три дена и ќе заврши утре. Ардита ја нагласува важноста од подарување на книги, бидејќи според неа, многу деца немаат пристап до книги, иако живееме во 21. век.

Фото: Ардит Рамадани, Порталб.мк

„Најпрвин, акцијата беше идеја на членовите на Ротари клубот, ние како клуб ја поддржавме и остваривме нивната идеја. Имајќи го во предвид фактот дека библиотеката во село Пирок е нова и реално има потреба од донирање книги, сакавме желба колку толку да помогнеме, но не само на оваа библиотека, туку книгите ќе бидат донирани и во неколку основни училишта, зависно од тематиката, истите ќе бидат поделени по категории“ рече Ардита Асани за Порталб.мк.

Според активистката Асани, веќе прочитаните книги не заслужуваат да венеат во нашите фиоки бидејќи има многу луѓе што сакаат да ги прочитаат истите.

„Идејата на акцијата е дека ако определена книга оставила голем впечаток во моментот кога си ја прочитал, таа книга не заслужува да остане во фиока, зошто да не се даде можноста и на некој кој веројатно нема можност да ја прочита и да му остави ист впечаток и на другиот?“ додаде Ардита Асани.

Фото: Ардит Рамадани, Порталб.мк

Инаку, оваа акција ќе трае до утре и секој што има желба, ќе има можност да подари некоја стара книга. Досега, според тие што реализираат проектот, интересот на граѓаните да подарат книги била висок и се надеваат дека така и ќе продолжи. Илјадницитжители од деветте општини на Полошкиот регион за да позајмат книга треба да патуваат со километри, тоа е поради фактот што од вкупно 9 општини, само две имаат библиотеки, а читална има само Гостивар.

Ова двојно го отежнува работењето на библиотеката во Тетово и Гостивар, освен недостигот од читална, директорот на тетовската библиотека за Порталб.мк нагласи дека работат во мизерни услови, а како последица на немање библиотеки во околните општини, често пати нема книги за сите.

Полошкиот регион е еден од осумте региони на Северна Македонија, неговата географска положба е во северозападниот дел од земјата и што се однесува до населението, повеќето жители од овој регион се од албанска припадност.
Од друга страна, во село Пирок што се наоѓа во околината на Тетово, неколку лица доброволно покренаа иницијатива и отвораат библиотека во селото, и тие во моментот чекаат донации од физички и правни лица.