fbpx

Ахмети по средбата со Бејли: Избори мора да има на 24 април за да се стави крај на кризата

-

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли.

Ахмети и Бејли разговарале за актуелната политичка криза во земјата, спроведувањето на Договорот од Пржино, како и за вонредните парламентарни избори.

Претседателот на ДУИ зборувал за важноста на одржувањето на веродостојни и демократски избори на 24 април, за да се заврши оваа криза што ја држи во заложништво целата земја.

„Договорот меѓу четирите лидери, постигнат со помош на меѓународната заедница мора да се почитува и секоја промена ќе значи нов договор со нова агенда. Земјата го очекува самитот на ЕУ во јуни, кога ќе се преиспита условната препорака на Европската комисија, го очекува и самитот на НАТО во јули со агендата за проширувањето на Алијансата, но, исто така, ја очекува и вонредната криза со бегалците со кои се соочува. Сите овие предизвици, заедно со итна потреба за стабилноста и за безбедноста во земјата ја наметнуваат потребата да има стабилна влада и стабилни институции, што е можно поскоро“, стои во соопштението.

Ахмети го информираше амбасадорот Бејли за заклучоците на генералниот совет на ДУИ, во кои е наведено дека структурите на партијата ќе придонесат за конструктивна изборна атмосфера, ќе пријават какво било заплашување на избирачите, но, исто така, се покануваат граѓаните да се приклучат во овој процес, додека во исто време ДУИ е посветена да ја почитува транспарентната и непристрасната работа на специјалниот јавен обвинител.

„Ахмети, исто така, изрази загриженост поради неодговорноста на политичарите кои имаат информации за криминалци и за фабриканти кои имаат цел подготвување измама и монтирања со ниски цели. Овие избори се исклучително важни, затоа партиските лидери мора да покажат највисока одговорност за иднината на земјата, а граѓаните да не подлегнуваат на кампањи и на обвинувања, туку да ги оценат понудите за развој, стабилност и за безбедност“, е наведено во соопштението на ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...