fbpx

АЕТМ: За 9 месеци, лани биле потрошени 29,9 милијарди денари во е-трговија

Странците кон домашните трговци направиле онлајн трансакции во износ од 1,24 милијарди денари

-

Во првите 9 месеци од 2023 година, биле потрошени 20,7 милјарди денари кон
домашните е-трговци, покажуваат најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година.

Како што информираат од Агенцијата за е-трговија на Македонија, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 29,9 милијарди денари (3,3 милијарди денари просечно месечно) што е пораст од 18,2 отсто во однос на истиот период лани, кога е остварена вредност од 25,3 милијарди денари.

„Највисок пораст од 22 отсто на вкупните онлајн трансакции е остварен во март, а најнизок од 12,5 отсто во април во однос на истите месеци лани“, покажуваат податоците на АЕТМ.

Со домашни картички кон домашни е-трговци во првите 9 месеци од 2023 година остварени се 19,5 милијарди денари и остварен е раст од 13 отсто во споредба со истиот период минатата година. Трендот на пораст на онлајн купувањето во странство со домашни картички продолжува и во првите 9 месеци од 2023 година кога се остварени 9,2 милијарди денари што преставува раст од 30,4 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Странците кон домашните трговци направиле онлајн трансакции во износ од 1,24 милијарди денари односно остварен е пораст во првите 9 месеци од 2023 година од 22,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Кон македонските е-трговци се слеале 20,7 милијарди денари остварени од домашни и странски картички во разгледуваниот период што значи пораст од 13,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

„Според резидентноста на е-трговецот и издавачот на платежните картички може да се забележи дека расте и вредноста на домашни платежни картички кон странство, но и на странски платежни картички кон домашни е-трговци. Така, од потрошени 7 милијарди денари со домашни платежни каритчки кон странство во првите 9 месеци од 2022 година, оваа година за истиот период се потрошиле 2,2 милјарди денари повеќе или вкупно 9,2 милијарди денари. Со странски картички кон македонски е-трговци во првите 9 месеци од 2023 година се потрошиле 1 милјарда денари, а сега 1,2 милјарди денари“, наведено е во соопштението на АЕТМ.

Вкупниот број на направени онлајн трансакции во првите три квартали од 2023 година изнесува 14,2 милиони трансакции, што преставува пораст од 15,1 отсто во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година (12,3 милиони трансакции).

„И во текот на првите 9 месеци од 2023 година се забележува пораст на новотворени интренет продажни места, па така во првите 9 месеци од 2023 година се отворени 117 нови интернет продажни места. Трендот на раст како на вредноста така и на бројот на онлајн трансакциите продолжува според најновите податоци на НБРСМ и тоа растот е и понатаму двоцифрен. Растот во вредноста на вкупните онлајн трансакции во првите 9 месеци од 2023 година изнесува 18,2 отсто во споредба со истиот период минатата година“, стои во соопштението на АЕТМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...