fbpx

Адеми на Глобален образовен самит во Истанбул

-

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми викендов во Истанбул ќе учествува на Глобален образовен самит на кој ќе говори за „Новите трендови во образованието во 21 век“ и „Миграцијата и образовните политики“.

Самитот ќе го отвори претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

„Адеми во рамки на првата тема ќе се осврне на реформите во образованието во Република Македонија, благодарение на кои нашата држава е во чекор со најразвиените земји во светот. Кога станува збор за модернизација на образованието, нема компромис. Тоа е сфера во која мора да се достигнат највисоките стандарди, ќе потенцира министерот за образование и наука“, соопштија од Министерството за образование и наука.

На вториот ден на Глобалниот образовен самит, како што информираат од МОН, Адеми ќе говори за актуелниот проблем со бегалската криза и предизвиците со кои Македонија секојдневно се соочува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...