fbpx

Азески: Економијата ќе издржи, нема сериозни пречки за проекциите

-

Во моментов, Стопанската комора нема никакви индиции дека има некое крупно нарушување во било кој сектор на македонската економија, но политичката криза треба ја решат тие што ја создале бидејќи бизнис-заедницата не е виновна за оваа состојба.

Оваа порака денеска ја упати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој смета дека бизнис-секторот, сепак, ќе издржи.

На прашањето дали преодна влада би можела да придонесе за решавање на кризата, Азески истакна дека основно начело на бизнис-секторот е да се соработува со секоја влада.

– Стопанската комора ќе излезе со предлог-мерки за наредните пет години за подобрување на бизнис амбиентот и економските слободи. Тоа е наша редовна активност, исто како што пред пет години го направивме моделот на нов економски развој. Се работи за дваесетина мерки кои се навлезени во суштината на подобрување на економскиот амбиент и слободи врзани за сериозни реформи во пензискиот и здравствениот систем, регулаторните тела, извозот, однос домашни-странски компании,- истакна Азески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...