Најмалку 20.000 жители на западниот германски град Келн се евакуирани од своите домови, по што властите пронашле бомба тешка 200 килограми од времето на Втората светска војна.
Училиштата и градинските се затворени, а неколку возила на брза помош се на местото поради евакуирање на жителите на старечки дом.
Деактивирањето на бомбата, која е пронајдена во близина на мостот Мулхајм на реката Рајна, се планира за денеска попладне.
Градските власти соопштија дека во меѓувреме е запрен сообраќајот на реката и во воздушниот простор.
Седумдесет години по Втората светска војна, во Германија релативно често се пронаоѓаат неексплодирани бомби, во повеќето случаи за време на градежни работи во големите градови.