fbpx

Стефан Марковски ја освои главната награда на фестивалот „Литературни искри“

-

Гостивар два дена пулсираше во духот на поезијата. Изминатиот викенд се одржа вториот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“. Главната награда ја доби гевгеличанецот Стефан Марковски, првото место му припадна Давор Крстевски од Куманово, второто го освои дојранчанката Катерина Гогова, а третото – Цветанка Колева од Кавадарци.

Бодувањето го изврши петчлена комисија, предводена од претседателката, академик Катица Ќулавкова.

Првонаградениот Стефан Марковски е автор на десетина книги од различни жанрови и области, член на Друштвото на писатели на Македонија, досега наградуван со престижни книжевни награди,

За најуспешен странски поет беше прогласен Невен Лукачевиќ од Хрватска, додека за најмлад автор – Сара Ѓорѓијоска од Куманово. Најдобрите беа избрани во конкуренција од повеќе од 70 поети од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и од Хрватска.

Сите пријавени поети што учествуваа на конкурсот се застапени во заеднички алманах, кој беше промовиран на манифестацијата.

Поетскиот фестивал во Гостивар го организираа Центарот за култура и здружението „Културен бран“ со поддршка на Министерството за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку,...